Да, Apple го забавува вашиот iPhone со дотрајана батерија

Apple ги забавува постарите телефони кои имаат стари батерии. Перформансите на батеријата се намалуваат со текот на времето, па за да го продолжи траењето на батеријата, компанијата го забавува телефонот.

Голем број на корисници го обвинуваа Apple дека намерно ги забавува постарите модели на телефони за да може побрзо да ги продаде новите.

Сепак, причината за забавувањето е поинаква, а до овој заклучок дојде и корисник на Reddit кој неодамна ја замени батеријата на својот iPhone.

„Телефонот ми беше многу бавен последните неколку недели,  пробав да го надградам софтверот неколку пати, но сè уште беше бавен. Го пробав телефонот на брат ми и беше побрз од мојот. Вака знаев дека нешто не е во ред“, вели TeckFire.

Забавувањето на телефонот се покажува и на Geekbench тестовите. Со старата батерија TeckFire доби 1466 на Single и 2512 на Multi. По замената на батеријата тестот покажа 2526 на Single и 4456 на Multi.

Потврда за ова дојде и од Apple. Производителот објасни дека кај дел од телефоните кои имаат проблемите со батеријата намерно ја забавува работата. Ова важи за iPhone 6, iPhone 6S и iPhone SE. Функционалноста ќе продожи и на iPhone 7 и на iOS 11.2. Сепак, причината не е малицозна, туку единствено да ја продолжи работата на уредот.

Најверојатно единствено спорно во самата ситуација е недостатокот на транспарентност, токму кога Apple веќе имаше коментари дека намерно ги забавува уредите. Недостатокот на комуникација е единствениот проблем во оваа ситуација. Единствено што Apple можеше да направи поинаку е потранспарентно да ги најави овие промени.

2 коментари на “Да, Apple го забавува вашиот iPhone со дотрајана батерија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии