PewDiePie повторно привлекува внимание со расистички испади

Мартин Јованчевски

во Вести, гејминг

Неодамна, Pewdiepie изгуби прилично профитабилни договори со Disney и YouTube поради антисемитски шеги и токму кога помисливме дека тоа е крајот на таквите инциденти, контроверзниот јутубер се врати на големата врата со расистички испади (N-) за време на пренос во живо, додека ја играше PUBG.

“What a fu- n-” реагираше PewDiePie откако успеја да го убие проблематичниот играч. “Sorry, but what the f-. What a f- ar-.”

Ваквото нешто не им се допадна на сите, особено на Campo Santo, студиото кое стои зад критички-признатата Firewatch.

„Поднесуваме DMCA за Firewatch содржината на PewDiePie и за сите идни Campo Santo игри“, изјави ко-основачот на студиото, Шан Ванаман. „Постои одреден праг на толеранција за интернетот кога се будите секој ден и правите видео игри. Но, постои и точка на пукање.“ Шан не застанува тука и продолжува да го напаѓа Pewdiepie и сите како него, велејќи дека му е преку глава од „оваа дете кое добива сè повеќе и повеќе шанси за печалење пари на сметка на нешто што ние правиме“ и го поставува како значително полош од „таен расист кој проповеда одвратно ѓубре кое само ѝ штети на културата поврзана за оваа индустрија“.

Шан Ванаман не застанува тука. Ко-основачот продолжува да апелира на разумот на останатите девелопери и да ги охрабрува да преземат директни акции врз лицата како PewDiePie. „Ги охрабрувам останатите девелопери и лично ќе се заземам да ги контактирам луѓето кои се многу поголеми од нас да го отсечат (PewDiePie) од содржините кои го направија милионер.“ Дополнително, Шан признава дека и тие самите се соучесници. „Сигурен сум дека и ние профитираме од 5.7 милионите прегледи на содржината, и тоа е нешто за што треба убаво да размислиме.“

Според Kotaku, содржината за Firewatch која го прикажува PewDiePie како ја игра Firewatch била прегледано 5.7 милиони пати.

1 коментар на “PewDiePie повторно привлекува внимание со расистички испади

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии