Disney и YouTube ја прекинуваат соработката со Pewdiepie поради антисемитски шеги

Pewdiepie, човекот кој, со својата харизматичност (читај: контраверзност) спечали 15 милиони долари на YouTube, сериозно ги загрози односите со компаниите Disney и YouTube. Прекин на соработката се случи поради серија од видеа каде познатиот јутубер прикажуваше нацистички слики и антисемитски шеги. Во едно од видеата Pewdiepie плати луѓе да држат знак на кој пишува: “Смрт за сите Евреи!’.

Луѓето кои го држат знакот беа вработени од Pewdiepie преку сајтот Fiverr. По скандалот, Fiverr им забрани пристап на сите тројца, за да подоцна им го врати на двајцата фриленсери, откако Pewdiepie лично се зазема за нив.

„Иако Феликс собра следбеници со провокативен и непочитувачки став, тој очигледно ги премина сите граници, видеа од ваква природа се несоодветни.“ – објасни претставник од Maker Studios, агенција која беше купена од Disney за 675 милиони долари, а тесно соработуваше со јутуберот.

Pewdiepiе на сево ова имаше да каже дека намерата не му била да е навредлив, иако разбира дека шегите од ваква природа се крајно навредливи. Она што тој сакал да покаже е колку е луд модерниот свет, особено некои од услугите кои се нудат на интернет.

YouTube првин се оградуваше со изјавата дека ако одредена содржина е наменета да биде провокативна или сатирична, тогаш ќе остане онлајн. Но, ако целта на поставувачот е да охрабри насилство или омраза, тогаш видеото згаснува. Додека сите мислевме дека е ова прилично зен став на компанијата, YouTube нè изненади со откажување на втората сезона на премиум шоуто Scare Pewdiepie. Последователно, YouTube презема чекори за отстранување на Pewdiepie и од сервисот за рекламирање Google Preferred. Ова можеби е огромен удар за шведскиот милионер, но не е доволно силен за да го спречи за печалење преку стандардните начини на YouTube.

На некое друго место, ваквите активности на Pewdiepie предизвикуваат сосема неочекувани реакции и додека едни го плукаат, други целосно го бранат и охрабруваат. Таквата поддршка, се чини, не бира од каде доаѓа и еден неонацистички веб сајт, Daily Stormer, од неодамна го смени името во The world’s #1 PewDiePie fansite (Број 1 Pewdiepie фансајт на светот!).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk