Обединето чистење на дискот со FreeDriveC

Убавината е во едноставните работи, а нема ништо поедноставно од идејата која стои зад FreeDriveC. Преку едноставен интерфејс се нуди пристап до алатките на Windows и олеснети можности за исклучување или вклучување хибернација, пристап до напредни опции за подолг живот на батеријата , прилагодување на виртуелната меморија, управување со опциите за враќање на системот на некоја претходно-сочувана фаза и, секако покренување алатка за чистење на дискот. Се работи за интерните алатки на Windows кои се само обединети преку еден почист интерфејс.

FreeDriveC не се ни труди да се истакне како нешто повеќе од ова. На долната хоризонтална лента, ќе наидете и на соодветни копчиња за оптимизација на дискот, менаџмент, деинсталација на програми, како и безбедност и конфигурација. За крај, можете да се информирате за верзијата на оперативниот систем и за преостанатиот дел на слободен простор.

FreeDriveC доаѓа во пренослива форма која е компатибилна со Windows 10, 8.1, 8, 7, Vista и Xp. Програмот би можел да биде ценет највеќе од помалку искусните корисници кои ги сакаат понапредните опции за оперативниот систем сервирани од една појдовна точка. Оние кои сакаат понапредни можности за чистење, а со тоа и заврзување на системот би ги упатиле кон надалеку-познатите Revo Uninstaller и CCleaner, Synei System Utilities 4 или Black Bird Cleaner. Што се однесува до самото забрзување на стартувањето на Windows-от би можеле да ги засукате ракавите и да имплементирате некој од следниве совети.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии