Nvidia ќе го купи АRM за 40 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Вести, Свет

Image courtesy of Nvidia

Nvidia и Softbank се договорија за продажбата на ARM. Nvidia го купи дизајнерот на чипови АRM за 40 милијарди долари.

Шпекулации за интересот на Nvidia имаше веќе неколку месеци, а со ова интересот се официјализира. Причината за продажбата не е поради неуспехот на ARM; компанијата денес е помоќна од било кога. Softbank губи пари поради падот на Uber и WeWork, како и од банкротот на OneWeb, па компанијата го продава ARM да покрие дел од трошоците.

Чиповите на ARM ќе и помогнат на Nvidia да стане лидер на пазар на кој досега речиси и немаше присуство. Станува збор за паметните телефони, но и куп друг уреди.

Вештачката интелигенција е најмоќната технолошка сила денес, и со неа се лансира нов бран на компјутери. Во годините кои следат билиони компјутери кои работат со вештачка интелигенција ќе креираат нов интернет на нештата што ќе биде илјадници пати поголем од сегашниот интернет-на-луѓе. Нашата комбинација ќе креира компанија одлично позиционирана за ерата на вештачката интелигенција, вели Nvidia.

Засега нема никакви промени во ARM.Седиштето на компанијата останува во Кембриџ. Она што е интересно е што ако ARM стане американска компанија, веројатно веднаш ќе мора да престане секаква соработка со Кина, пренесува BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии