SoftBank го продава ARM, официјално заинтересирана Nvidia

Дејан Соколоски

во Хардвер

Пред четири години јапонскиот телекомуникациски гигант Softbank за 32 милијарди долари го купи британскиот дизајнер на чипови ARM. Компанијата тогаш го прогласи овој договор за најважен во нивната историја, но денес по 4 години изгледа дека се премислуваат.

Причината за продажбата не е поради неуспехот на ARM, компанијата денес е помоќна од било кога. Сепак Softbank губи пари поради падот на Uber и WeWork, како и од банкротот на OneWeb па компанијата го продава ARM да покрие дел од трошоците, пренесе Ars Technica.

Засега единствена компанија која е заинтересирана за ARM и се зборува дека преговорите се започнати е Nvidia. Компанијата е конкурент на пазарот на паметни телефони, но не премногу. Nvidia е главно фокусирана на графички процесори, а Tegra иако моќен не успеа да земе поголем дел од пазарот.

Претходно имаше шпекулации дека и Apple е заинтересиран за дизајнерот на чипови, но компанијата се откажала. Според некои извори главната причината поради која Apple се откажал е што бил загрижен од бројот на патенти и со товарот на монопол за дел од својот бизнис компанијата не сакала да ризикува.

Сепак купувањето на ARM од Apple не е сосем неосновано. Apple наскоро, а веројатно веќе следните компјутери кои ќе ги претстават ќе ги презентира со дизајниран ARM процесор.

Пости можност Softbank да се откаже од идејата за продажба и да го задржи ARM, вели Wall Street Journal.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии