Matebook серијата на лаптопи од Huawei доаѓа во Македонија

IT.mk редакција

во Хардвер

Image courtesy of Huawei

Новите Мatebook лаптопи од Huawei пристигаат и на македонскиот пазар. Huawei Matebook 13, Huawei Matebook D14 и D15 и Huawei Matebook X Pro ќе бидат достапни за купувачите од Македонија, велат претставници на Huawei.

Huawei Matebook X Pro е 13.9-инчен лаптоп компјутер кој тежи 1,33 kg. Хардверот на лаптопот е составен од 10-та генерација на процесорот Intel® Core ™ i7-10510U; 1TB SSD и NVIDIA® GeForce® MX250 видео картичка со 2 GB GDDR5; батеријата е 56Wh.

Matebook 13 како што може да се претпостави и од името е 13 инчен лапотоп. Доаѓа со AMD Ryzen™ 5 3500U процесор, графичка картичка Radeon™ Vega 8 и 512GB SSD. Екранот има сооднос 3:2 и резолуција од 2160 X 1440 пиксели. Батеријата од 42Wh што е доволно за 10 часа нормална работа помеѓу полнењата.

Huawei Matebook D14 и D15 се најголеми лаптопи во серијата. Доаѓаат со дисплеј од 15,6 инчи и резолуција (1920×1080). Хардверските спецификации се: AMD Ryzen™ 7 3700U; Radeon™ Vega 8/ Radeon™ Vega RX 10 графичка и 8 GB DDR меморија. Батерија е со капацитет од 42Wh.

Трите послаби модели доаѓаат со Windows 10 оперативен систем, а Huawei Matebook X Pro доаѓа со Windows 10 Pro оперативен систем, а останатите модели доаѓаат со Windows 10 Home верзија.

Matebook  Huawei Македонија

Новите Matebook модели на лаптоп од Huawei во Македонија доаѓаат некаде на крајот на август. Huawei е еден од најпопуларните производители на електронска опрема во Македонија. На почетокот на 2020 во Македонија беа регистрирани повеќе од 115 000 HUAWEI ID корисници.

1 коментар на “Matebook серијата на лаптопи од Huawei доаѓа во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии