Над 115 000 регистрирани Huawei ID корисници во Македонија

IT.mk редакција

во ИТ.МК, Мобилни

Huawei е еден од најголемите производители на паметни телефони. Компанијата неодамна објави дека забележала пораст од 40 отсто во регистрациите за Huawei ID. Ова и веста дека Huawei Mobile Services се отвора за македонскиот пазар е причина да разговараме со Оливер Костадиновски претставник на Huawei за Македонија.

Kолку Huawei уреди се користат во Македонија?

Во моментов во нашата земја се регистрирани повеќе од 115000 HUAWEI ID корисници, меѓутоа бројот на вкупни Huawei уреди е неколкукратко повеќе од оваа бројка. Бројката е само за регистрираните корисници кои ги користат нашите услуги како што се HUAWEI HEALTH, HUAWEI APP Gallery, HUAWEI CLOUD SERVICES и слично.

Дали има некaква промена во продажбата после најавите за санкциите? Што ќе значи тоа за корисниците од Македонија?

Во моментов на македонскиот пазар сѐ уште се очекува првиот Huawei паметен телефон кој ќе биде целосно независен од американски добавувачи (во регионот околу нас веќе е во продажба MATE 30 PRO). Примерот од останатите земји ни вели дека крајните корисници не се засегнати од санкциите, и не очекуваме пад или промени во продажбата во иднина.

Кога сме кај санкциите, нашите уреди ќе продолжат да користат Андроид како и до сега, бидејќи самиот Андроид е отворен и бесплатен оперативен систем и американските санкции не можат да влијаат во овој случај. За сите останати услуги и апликации, за кои ни е потребна дополнителна дозвола за користење, конкретно во овој случај Google платформата, веќе имаме решенија кои од ден на ден им ги претставуваме на нашите корисници преку споменатата APP Gallery.

За корисниците од Македонија нашата цел е да донесеме промена на начинот на кој ги користиме нашите смартфони, како и олеснета поврзаност, полесен и побрз пренос на податоци како и поголема онлајн безбедност.

Во моментов работиме на имплементирање на македонските апликации кои во овој момент се зависни од Google сервисите или попознати како GMS апликации (GOOGLE MOBILE SERVICES), и приспособување на истите кон HMS (HUAWEI MOBILE SERVICES), како нашите корисници не би почувствувале никаква разлика при користењето на истите.

Кажи ни нешто повеќе за App Gallery Phone. Какви услуги се надевате да развиете?

AppGallery смарт-телефоните во блиска иднина ќе станат движечката сила во се повеќе поврзаното општество во кое живееме.

Нашата визија за иднината на нашите смарт-уреди би ја опишале како 1+8+N. Паметниот телефон би бил во централниот дел на замислениот круг, каде што 8 ќе претставуваат втората категорија на уреди од нашето портфолио (таблети, смарт часовници, PC, паметни очила и сл.), и N – последниот дел од нашиот екосистем поддржан од нашите партнерски производи.

Накратко вака изгледа нашиот екосистем, преку кој нашите корисници ќе можат да ги искористат сите можни капацитети на AI технологијата, како би го олеснале секојдневното работење со паметните уреди.


Ако сте заинтересирани за развој на Huawei апликации посетете ја страницата Huawei HMS Core.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии