Македонско-британскиот Cognism доби инвестиција од 2М фунти за глобална експанзија

Македонско-Британскиот стартап Cognism кој користи вештачка интелигенција за унапредување на продажбата доби инвестиција од 2 милиони фунти во рунда предводена од фондот за ризичен капитал  South Central Ventures, заедно со Newable, London Co-Investment Fund, Start-up Funding Club и други.

Компанијата основана од Претприемачите Џејмс Исилеи и Стјепан Булат им помагаат на компаниите да ја забрзаат својата продажба и дојдат до вистинските контакти употребувајќи big data. Од Основањето во 2016 Cognism го порасна своето клиентско портфолио на 80 големи клиенти во Европа и Америка и го зголеми својот тим од 5 на 30. Со континуиран процес на  истражување и развој ја унапредија својата технологија за да биде користена и целосно компатибилна со Salesforce и Microsoft Dynamics што ги прави Cognism едена од водечките европски компании во Sales Intelligence (Продажна Интелигенција).

South Central Ventures го подржува развојот на Cognism уште од нивната seed рунда во Јануари 2017.  Како водечки инвеститор во оваа Серија А рунда, South Central Ventures инвестираше 1.5 Милиони фунти кои компанијата ќе ги употреби да го забрза својот раст, отвори канцеларија во Соединетите Американски Држави, зајакнување на својата развојна база во Македонија и остварување на својата цел да ги дуплира бројот на продажни агенти во Македонија и Британија во следната година

Џејмс Исилеи, основачот и Извршен Директор на Cognism, во пресрет на инвестицијата рече:

„Оваа инвестиција е потврда за напорната работа и посветеноста на нашиот тим.  Последната рунда инвестиции е е есенцијална за остварување на нашата стратегија да ја понудиме најдобрата технологија во сегментот на Продажна интелигенција (Sales Intelegence). Со тоа не само што ќе успееме да го подобриме перформансот на алатките за унапредување на продажбата, на нашите клиенти ќе им овозможиме да ги  постигнат стандардите за чување на податоците (GDPR compliant contact data) со акцент на контактите и контекст податоците од земјите на Европската унија и Соединетите Американски Држави.

Сето ова не ќе можевме да го постигнеме без поддршката на South Central Ventures”

Татјана Забасу, Менаџинг Партнер на South Central Ventures додаде:

„Секогаш е возбудливо кога компанијата во кои еден фонд инвестира се развива и расте со брзината која Cognism ја бележи. Може слободно да кажеме дека растот на приходите и придобивките кои им ги даваат на своите клиенти преку употреба на напредни алгоритми за машинско учење и вештачка интелигенција се неверојатни.

Затоа ние во Soutn Central Ventures сме среќни што работиме со одличниот тим на Cognism и ќе продолжиме и понатаму да го подржуваме нивниот раст.“


За Cognism:

Cognism ги комбинира податоците за компании, луѓе и настани во реално време- за да можат продажните и маркетинг тимови во компаниите да добијат релевантни информации и сигнал кога нивните клиенти и проспекти имаат најголем потенцијал да купат. За да може тоа да го дадат како услуга продуктите на Cognism користат алгоритмички технологии, машинско учење и natural language processing.

За South Central Ventures:

South Central Ventures e водечки инвеститор во Западен Балкан за ризичен капитал (Venture Capital). Со канцеларии во Скопје, Белград и Загреб, South Central Ventures примарно се фокусира во инвестирање во TECH компании во рана фаза и фаза на раст и во поддршкa на претприемачите во градење на глобално конкурентни и успешни компании

Во инвестициското портфолио на South Central Ventures се вклучени 14 компании меѓу кои InPlayer, Agrivi, Bulb, Alchemy, Virtus Vita, TradeCore and Sentinel Marine.

2 коментари на “Македонско-британскиот Cognism доби инвестиција од 2М фунти за глобална експанзија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии