Solaborate наскоро ќе го претстави HELLO 2

Компанијата Solaborate продолжува од каде што застана пред неколку години. Откако во август 2016 го претстави Hello; хардвер наменет за подобра видео комуникација помеѓу тимови. Сега компанијата го претставува Hello 2, цела палета од производи за подобра комуникација.

Слично како и претходната верзија и Hello 2 го претвора телевизорот во алатка за комуникација. Заедно со камерата сега доаѓа и 4К телевизор, HELLO Creator Edition и уште два додатоци. Основниот Hello уред e речиси идентичен со претходната генерација, сепак сега доаѓа со поддршка за уреди со 4К резолуција, кои во меѓувреме започнаа да го освојуваат пазарот.

The HELLO Touch е виртуелна табла на која сите може да го споделат својот екран и да споделуваат директно преку цртање на дисплејот на допир. Дополнително, сега доаѓаат и Hello Controller и Hello Button. Првото како што кажува и името ќе ви овозможи да играте игри преку Hello, а второто е програмабилно копче кое ќе овозможи контрола на паметните уреди.

Можеби најголемата промена е отворањето на платформата за девелоперите кои ќе можат сами да креираат дополнителни уреди за системот.

Претходната верзија на Hello на Indiegogo успеа да собере 650 000 долари. Hello 2 наскоро ќе се појави на Kickstarter.

Стартапот Solaborate започна како друштвена мрежа за професионалци со канцеларии во САД, Македонија и Косово.  По неколку години целиот проект се пресели во САД, а набрзо друштвената мрежа замре. Секако ова не беше крај за тимот на Solaborate кој започна да работи на хардвер. Видеото подолу е од претходната верзија на Hello.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии