Solaborate ветува дека ќе ја олесни комуникацијата со Hello

Стартапот Solaborate кој започна како социјална мрежа за ИТ професионалци, наскоро би можел да прерасне во нешто сосем ново. Компанијата која има канцеларии во САД, Македонија и Косово за прв пат презентира хардвер.

Уредот се вика Hello и веќе имаше успешна Kickstarter кампања на која собра над 190.000 долари, иако беа побарани само дел од тие средства. Hello е паметен уред кој чини 190 долари, и е наменет за видео-конференциски повици. Уредот може да се контролира со глас и овозможува безжично споделување на екраните и стрим во живо. Бидејќи Hello има и сензор за движење, овозможен е и безбедносен надзор.

ezgif-692124052

Идејата за Hello, доаѓа од проблемите со комуникација кои ги има Solaborate. Со тимови на два континенти и честа комуникација, тимот има доволно познавање за проблемите со кои се среќаваат обичните корисници.

„Знаевме дека нешто недостасува кога стануваше збор за состаноци, донесување и решавање на одлуки помеѓу тимовите… Мислам веќе се соочувавме со такви проблеми помеѓу нашите тимови од Лос Анџелес и Скопје. Skype не е секогаш стабилен, Solaborate овозможуваше конекција но имавме други проблеми: не можеш да го видиш целиот тим истовремено па мора да го преместуваш лаптопот или веб камерата со цел да ја добиеш потребната личност“, вели Ристенка Колева од Solaborate.

giphy

Дневните предизвици за соработка им дадоа јасна слика за кои карактеристики ги посакуваат во својот уред, а потоа започнаа со изработка на прототип. Прототипот го изработуваа една година, а уредот ќе биде готов за производство кое ќе започне по завршување на кампањата. Од Solaborate велат дека веќе работат на исполнување на роковите за испорака на Hello, и тоа треба да започне во декември.

„Нормално не застануваме тука, постојано ќе работиме на подобрување на платформата со цел да се поддржи и надополни HELLO. Ќе има и многу други функционалности, кои ке бидат имплементирани понатаму, како и унапредување на веќе постоечките“, додава г-ѓа. Колева.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments