Linux систем на денот: MX Linux 19

Во случај да сте фан на Linux оперативни системи, би можеле да пробате да го замените Windows 10 со Linux Mint. Ова е исклучително интересен оперативен систем кој, визуелно, потсетува на најновото чедо на Microsoft.

Но, доколку сакате малку поразличен Lunux систем, тогаш не барајте подалеку од MX Linux 19. Последната верзија на популарниот оперативен систем се заснова на Debian 10 Budter и ja користи најновата десктоп околина Xfce 4.14.

MX Linux 19 е со големина од 1.50GB, а се испорачува со GIMP, Firefox, VLC,Thunderbird и LibreOffice. Со ваква колекција од пакети, лесно и ефикасно ќе можете да ги започнете вашите секојдневни обврски.

Според корисниците, MX Linux 19 е исклучително стабилен и брз оперативен систем кој без проблеми функционира и на исклучително стари конфигурации. Пред да направите драстичен чекор, ве советуваме првин да го проверите оперативниот систем преку Live disk, односно да го покренете и проверите без да претходно морате да го инсталирате на вашиот компјутер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии