Заменете го Windows 10 со Linux Mint

Windows 10 e феноменален оперативен систем и, доколку сте задоволни, никако не би сакале да ви наметнуваме драстични транзиции кон Linux оперативните системи. Но, а ова е големо но, доколку од некоја х причина, драстична транзиција е нешто што навистина сакате, тогаш ви препорачуваме да почнете првин со Linux Mint.

Визуелно, овој оперативен систем се чини како идеален за сите оние што доаѓаат од Windows 10 околината. Заснован на Debian и Ubundu, Lunux Mint се темели на надградби и предлози кои доаѓаат директно од самите корисници. Системот се испорачува со Firefox, GIMP, LibreOffice и Thunderbird, како и одврзани раце за инсталирање сè што би можело да биде достапно и компатибилно. За таа цел, Lunux Mint се одликува со Software Manager кој ви дозволува да го пронајдете саканото на исклучително едноставен начин.

Најдоброто од сево ова е тоа што Lunux Mint e LTS (Long Term Support). Како таков, најновите верзии ќе бидат правилно поддржани до април 2023 година. Пред да направите драстичен чекор, ве советуваме првин да го проверите оперативниот систем преку Live disk, односно да го покренете и проверите без да претходно морате да го инсталирате на вашиот компјутер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии