Кои се најновите функции во есенската надградба за Windows 10?

Microsoft постојано се залага за подобрување и проширување на функционалност на нивниот најнов оперативен систем. Најновото есенско надополнување првенствено се стреми да овозможи подобра поврзаност и интеракција помеѓу вашиот компјутер и мобилната направа. Неодамна, гигантот од Редмонд вети дека телефоните и Windows 10 ќе комуницираат еден со друг и активностите започнати на телефонот ќе можат да бидат продолжени во десктоп опкружувањето, и обратно. Но, тоа е само почетокот на новитетите.

Попаметна Кортана

Вашиот асистент ќе се одликува со проширен спектар од команди кои ќе можете да ги задавате со вашиот глас. Па така, Кортана конечно ќе може да ги регистрира и изврши гласовните наредби за исклучување, рестартирање или заклучување на вашиот компјутер. За поефикасно рестартирање, ќе можете да го програмирате компјутерот и да го прескокне процесот на автентикација. Ова, отвора простор за можна злоупотреба од вашите најблиски и, токму поради тоа, за одредени гласовни команди, Кортана ќе бара дополнителна потврда.

Оние кои често ја користат Кортана знаат да бидат разочарани кога некоја команда не ѝ е во репертоарот на асистентката и сте пресретнати со отворање на прелистувачот Edge и автоматско извршено пребарување. Со најновото надополнување, Кортана нема да си зема за слобода такво нешто, туку едноставно ќе понуди стрелка чиј клик ќе ве одведе до најсоодветната страна.

Најдоброто од двата света

Како што споменавме, одредени новитети допринесуваат не само до по креативна работа туку и силна поврзаност помеѓу вашиот компјутер и телефон. Timeline ви дозволува да евидентирате што сè работите во еден даден момент на вашето PC, а со Pick up where you left off можете да ја префрлите вашата работа од PC на соодветна апликација за iOS и Android. Со воспоставување ваков мост помеѓу двете најкористени парчиња хардвер, самите корисници добиваат поголема слобода во извршување на обврските. Дополнително, со комбинацијата на Cloud-powered Clipboard и OneDrive Files on Demand  можете да копирате одредени работи од една Windows 10 направа, а да пристапите кон истите од друга. Па така, од вашиот Android телефон можете да отворите веб страна и да ја споделите на вашето PC преку соодветното Share копче, со што добивате опција (Continue Later) да ја сочувате страната преку Action Center или пак (Continue Now) автоматски и инстантно да се отвори страната преку Edge прелистувачот на вашиот компјутер. Добивање известувањата на компјутерот за празната батерија на вашиот телефон или пак за штотуку пристигнати пораки до сега бараше инсталација на Кортана и на компјутерот и на телефонот. Со есенското надополнување, таквата поврзаност ќе биде остварлива со инсталирање на Microsoft Apps.

Нов дом за Microsoft Paint

Првенствено, триесет-и-двогодишната апликација, Microsoft Paint, требаше да го отстапи местото на Paint 3D, но, по бројните реакции на корисниците, од Microsoft решија да не ја згаснат прастарата апликација, туку само да ѝ дадат нов дом. По есенското надополнување, сите оние кои чувствуваат потреба за Microsoft Paint ќе можат бесплатно да ја преземат апликацијата преку Windows Store. Paint 3D, од друга страна, ќе продолжи да се надополнува во иднината.

Microsoft Paint за прв пат се појави во Windows 1.0, во 1985 година

Некомпатибилност со одредени постари процесори

Најновото надополнување нема да е компатибилно со постарите процесори, како одредени Atom-базирани CPU. Ваквото нешто беше очигледно откако одредени корисници не можеа да го надградат системот со не поддржаниот хардвер, при што и од Microsoft се изјаснија дека секоја направа чија поддршка ќе биде прекината од произведувачот би можела да биде исклучена и од сите идни Windows 10 верзии. Во таквите ситуации, на корисниците ќе им биде понудена постара верзија на Windows 10, поточно Anniversary Update, како и сите безбедносни надополнувања сè до јануари 2023, датумот до кога Windows 8.1. ќе биде поддржан од компанијата.

„Movie Maker на стероиди

Story Remix е апликација која ви дозволува да прилепите слики и видео клипови едни со други и на интелигентен начин да создадете лични видео приказни. Самата апликација може да идентификува одредени визуелни особености како и да истакнува, односно центрира видео материјали околу одредени индивидуи. Алатката ќе ви дозволи брзо и едноставна синхронизација на таквите мултимедијални материјали независно од тоа дали вашите направи имаат Windows, iOS или Android.

За крај, би напоменале и дека новата надгрaдба на Windows 10 е со добра вест за гејмерите https://www.it.mk/novata-nadgradba-na-windows-10-dobra-vest-za-gejmerite/,

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments