Новата надгрaдба на Windows 10 со добра вест за гејмерите

Учесниците во Insider програмата на Microsoft, можат да ја тестираат новата верзија на Windows 10 Insider build. Со оваа надградба фокусот е на видеоигрите и проширената реалност.

Еден од новитетите кој е најлесно да се забележи е додавањето на графичкиот процесор во „Task Manager“. Ова значително ќе им помогне на гејмерите во графичките нагодувања, па ќе може директно од Windows да дознаат кога треба да ја намалат графиката. Дополнително, оперативниот систем сега може да им помогне на корисниците да ги пронајдат и отстранат проблемите кои ги имаат со Xbox мрежата.

Интресен новитет е направен и во проширената реалност (Microsoft го користи терминот Mixed Reality). Поправени се повеќе багови од преходната верзија, надминати се проблемите со преземање на софтверот; поправен е квалитетот на 360 видеата и има нов метод за телепортирање и навигација. Компанијата уште одамна најави дека Holographic ќе биде дел од Windows 10.

Новитет е и поедноставното префрлање на нагодувањата и интернет колачињата од Chrome на Edge. Edge е многу подобар од Internet Explorer, но тепко е да се поверува дека корисниците на Chrome толку лесно ќе се префрлат. Во Edge, сега Cortana може директно да се користи за дополнително истражување. Покрај ова останува и додавањето на белешки, потцртување и одбележување. Новитет во оваа верзија на оперативниот систем е и можноста за отворање на epub формат.

Ако често користите емотикони, Microsoft мисли и на вас. Надградени се сите емотикони, а додадени се и нови. Во новите ќе пронајдете, грицки, различни акции, диносауруси, духови, самовили, но и зомби. За полесно пронаоѓање Microsoft додаде и панел во кој може да се пребарува од постоечките емотикони.

Овие и куп други надградби ќе бидат додадени во есенската, Creators надградба на Windows 10.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk