BAFTA настанот за награди за најдобрите видео игри ќе се одржи на 12.април годинава и, според номинираните игри во бројните категории, Hellblade: Senua’s Sacrifice доминира во девет категории и се поставува како исклучително успешен АА наслов, со над половина милион продадени примероци.

Веднаш зад Hellblade се прикрадува хитот за PlayStation 4 и нашата најдобра снежна игра и една од најдобрите игри со женски протагонисти. Сосема заслужено, Horizon: Zero Dawn фигурира во осум категории и гарантира огромен успех за конзолата на Sony. Во пет категории се најде Nintendo хитот, The Legend of Zelda: Breath of the Wild. Пријатно се изненадивме и кога забележавме дека и преубавата игра со загатки, Gorogoa се бори за својата сенка под сонцето во пет категории.

Неколку интересни игри се провлекуваат низ четири категории. Дизни-инспирираниот платформер, Cuphead, стои раме-до-раме со Night in the Woods и Uncharted: The Lost Legacy. За една категорија помалку, се наоѓа најновата игра на Assassin’s Creed, Origins, Monument Valley 2 и Super Mario Odyssey. По се изгледа PUBG, не е во центарот на вниманието како со претходните видни настани за награди за игри, и во поглед на BAFTA , PUBG го има само во три категории. Неговиот смртен непријател, Fortnite, се наоѓа за едно скалило подоле, заедно со Snipperclips, NieR: Automata, The Sexy Brutale и Bury Me, My Love.

Оваа година, BAFTA е проширена со уште една нова категорија. Game Beyond Entertainment категоријата е замислена да ги препознае игрите кои истражуваат нешто повеќе од забава, а таквата иницијатива е забележана во Life is Strange: Beyond the Storm; Night in the Woods; Bury Me, My Love; Last Day of June; Hellblade; и Sea Hero Quest VR.

Во поглед на најталентираните актери, за ултимативната награда ќе се борат Бајек (Assassin’s Creed Origins) актер Абубакар Салим; Алој (Horizon) актерка Ешли Б’рч; Сениа (Hellblade) актерка Мелина Џ’ргенс; Идит Финч актерка Валери Роуз; и Uncharted: The Lost Legacy дуото Клаудија Блек (Клои) и Лора Бејли (Надин Рос).

Сите BAFTA категории:

Уметничко достигнување

  • Cuphead
  • Gorogoa
  • Hellblade
  • Horizon
  • Zelda: Breath of the Wild
  • Uncharted: The Lost Legacy

Аудио достигнување

  • COD: World War 2
  • Destiny 2
  • Hellblade
  • Horizon
  • Star Wars Battlefront 2
  • Uncharted: The Lost Legacy

Најдобра игра

  • Assassin’s Creed Origins
  • Hellblade
  • Horizon
  • Zelda: Breath of the Wild
  • Super Mario Odyssey
  • What Remains of Edith Finch

Британска игра

  • Hellblade
  • Monument Valley 2
  • Reigns: Her Majesty
  • The Sexy Brutale
  • Sniper Elite 4
  • Total War: Warhammer 2

Деби игра

  • Cuphead
  • Gorogoa
  • Hollow Knight
  • Night in the Woods
  • The Sexy Brutale
  • Slime Rancher

Игра која постојано се развива

  • Clash Royale
  • Final Fantasy 15
  • Fortnite
  • Overwatch
  • PUBG
  • Rainbow Six Siege

Семејна игра

  • Just Dance 2018
  • Lego Worlds
  • Mario + Rabbids Kingdom Battle
  • Monument Valley 2
  • Snipperclips
  • Super Mario Odyssey

Игра која нуди повеќе од забава

  • Bury Me, My Love
  • Hellblade
  • Last Day of June
  • Life is Strange: Before the Storm
  • Night in the Woods
  • Sea Hero Quest VR

Дизајн на игра

  • Assassin’s Creed Origins
  • Horizon Zero Dawn
  • Zelda: Breath of the Wild
  • Nier Automata
  • Super Mario Odyssey
  • What Remains of Edith Finch

Иновација во игра

  • Gorogoa
  • Hellblade
  • Zelda: Breath of the Wild
  • Nier Automata
  • Snipperclips
  • What Remains of Edith Finch

Игра за мобилен

  • Bury Me, My Love
  • Golf Clash
  • Gorogoa
  • Kami 2
  • Monument Valley 2
  • Stranger Things: The Game

Мултиплеер

  • Divinity: Original Sin 2
  • Fortnite
  • Gang Beasts
  • PUBG
  • Splatoon 2
  • Star Trek Bridge Crew

Музика

  • Cuphead
  • Get Even
  • Hellblade
  • Horizon
  • Zelda: Breath of the Wild
  • What Remains of Edith Finch

Приказна

  • Hellblade
  • Horizon
  • Night in the Woods
  • Tacoma
  • What Remains of Edith Finch
  • Wolfenstein 2: The New Colossus

Оригинална сопственост

  • Cuphead
  • Gorogoa
  • Horizon
  • Night in the Woods
  • PUBG
  • What Remains of Edity Finch

Изведувач

  • Abubakar Salim како Bayek во Assassin’s Creed Origins
  • Ashly Burch како Aloy во Horizon
  • Claudia Black како Chloe Frazer во Uncharted: The Lost Legacy
  • Laura Bailey како Nadine Ross во Uncharted: The Lost Legacy
  • Melina Juergens како Senua во Hellblade
  • Valerie Rose Lohman како Edith Finch во What Remains of Edith Finch

1 коментар на “Кои игри се номинираа за BAFTA наградите?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии