Со студениот бран доаѓа парадоксалната желба да искуси снежното доба, но од комфорот на вашиот дом. И додека надвор војуваат елементите, а снегот неуморно ги дави сите бои, затоплете го домот, направете чај и, во моменти кога не погледнувате преку прозорецот, втурнете се со некоја од нашите најдобри игри со снег.

5. The Elder Scrolls V: Skyrim

The Elder Scrolls V: Skyrim е монументално достигнување чија комбинација од напредни елементи допринесува до имерзивност од епски пропорции. Поголемиот дел од северниот регион на Тамриел е целосно прекриен во снег, а надградената The Elder Scrolls V: Skyrim Special Edition допринесува до визуелно исполнителни места и можности за искачување на снежни планини, борење со силни ветрови и недружељубиви суштества. Доколку сте презаситени од основната игра и трите последователни експанзии, мало потсетување дека модот Beyond Skyrim: Bruma ви дозволува да ја посетите добро познатата Брума, но две стотини години подоцна, како би се поклопило со временската рамка на петата игра од овој серијал. Прочитајте повеќе за додатокот тука!

4. Rise of the Tomb Raider

Кога по прв пат ја заигравме Rise of the Tomb Raider се здобивме со неодолива желба да го затоплиме домот и се покриеме, што и не би било толку чудно да не беше лето. Ретко која игра успева да ја пренесе непоколобливата временска суровост и целосно да ве пресели во земја на чудата која е опасна онолку колку што е убава. Почетните моменти во играта ја претставуваат Лара исклучително деликатна , a веродостојните анимации допринесуваат до квалитетно филмско искуство.

3. The Division

The Division е ММО игра која вети многу, но, по почетната еуфорија излезе дека испорача малку. Со неколку експанзии и бројни надополнувања и надградби, играта се трансформира во одлична акциона игра во трето лице која е маестрално обвиткана во магично снежно невреме. Сами или со пријателите, The Division знае како да понуди комплексно искуство во зимскиот период.

2. Assassin’s Creed 3

Третата Assassin’s Creed игра проба да револуционира бројни гејмплеј механики и да понуди поотворен и по интерактивен свет од кога било. И покрај одредени технички недостатоци, играта и понатаму продолжува да се истакнува како одличен наслов за оние кои се желни виртуелно да ги искусат годишните сезони, особено зимата. Фановите на овој серијал и љубителите на сè што е бело, би требало да им посветат подеднакво внимание и на играта Rogue, како и на Jack the Ripper додатокот за Syndicate.

Пред да ја прогласиме нашата најдобра игра со снег, ова се игрите кои исто така заслужуваат препорака:

Ark: Survival Evolved

Играта излезе од раниот пристап и, како технички-напреден наслов со бројни графички елементи знае како да го долови зимското расположение и да проба да им понуди на заинтересираните целосно искуство каде се лови, собира ресурси, гради, истражува и, најдоброто од се, убива, скротува или одгледува диносауруси.

Batman: Arkham City и Arkham Origins

Љубителите на снегот и темниот витез никако не би можеле да погрешат со некоја од игриве. Гејмерско остварување кое е достојно за DC универзумот.

Far Cry 4: The Valley of the Yetis

Основната игра нема премногу да ве импресионира со скромните снежни предели, но додатокот The Valley of the Yetis е поезија во движење и ви нуди снежно пребивалиште и бројни крволочни јети, чисто за да не се чувствувате осамени.

Just Cause 2/3

Последните две игри од серијалот сејат хаос во невидени размери и оние кои сакаат да ги стоплат нивните срца со акробатски лудила и возење најразлични автомобили и авиони во предизвикувачки, снежни услови ќе бидат задоволени со она што ќе најдат тука.

Steep  

Задолжителна лектира за уживателите во екстремни зимски спортови кои не сакаат ништо повеќе од скијање, летање со wingsuit или параглајдинг. Сами или со пријателите, Steep пука со зимски дух и снежно расположение.

И, нашата најдобра игра/ експанзија со снег е:

1. Horizon Zero Dawn: Frozen Wilds

Од многуте игри, Horizon Zero Dawn: Frozen Wilds се наметна како најдобрата затоа што се работи за скриено изненадување кое ги воодушеви PS4 сопствениците и понуди незаборавно искуство. Оваа акциона RPG игра во трето лице понуди уникатна перспектива за елимирање непријатели, создавање работи, прикрадување и надградување оружја во преубав пост-апокалиптичен свет. Експанзијата Frozen Wilds е ремек дело кое само се надоврзува на добитната формула и дава релаксирачка снежна димензија.

Тоа беа нашите најдобри игри со снег, но дефинитивно не ја пропуштајте можноста да ни кажете кои се вашите омилени игри, тука или на социјалните мрежи!

1 коментар на “5 најдобри снежни игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии