Игри кои ќе излезат во март

Огромен број потенцијални хитови го резервираа месецот февруари за нивно излегување, но ни март не е за потценување и гејмерската популација може да се радува на подеднакво исполнителни гејминг сесии. Таквото нешто е очигледно уште од самиот почеток. Во моментот кога го читате ова, Dark Souls трилогијата веќе е излезена за конзолите PS4 и XBO, како и долго-очекуваната Dead or Alive 6. Оваа боречка игра гостува на PC, PS4, и XBO и, доколку долго време чекате на солиден наслов за брутални пресметки и супер кул боречки потези, Dead or Alive 6 е игра за вас. Интересот за играта е огромен, а желбата за профит уште поголема. Па така, студиото зад играта побрза да ја понуди првата сезонска пропусница за неверојатни 100 долари, што е скоро двојно поскапо од играта.

Оние кои се по лего коцкички, се израдуваа и со излегувањето на Lego Movie 2 Videogame. Играта им дозволува на играчите да отпатуваат во вселената, да откриваат нови светови и да ги тестираат нивните вештини во градење. За петти март, компанијата 1C го планира излегувањето на класичната RPG игра Eternity: The Last Unicorn. Оние кои бараа значително подинамичен ААА наслов во форма на акционен survival шутер, ќе ја добијат можноста да ја проверат Left Alive. Square Enix ветува различни стилови на играње, со комплексна приказна за перспективи на три, целосно различни протагонисти. Три дена по сево ова, ќе стапи на сцена Devil May Cry 5 и, исто така, ќе понуди три игриви ликови. Секој од ликовите ќе се одликува со уникатен борбен стил и експлозивно справување со бројните демони. Режисерот за играта веќе се изјасни дека нема да има додатоци за играта и дека нема да се истражува универзумот надвор од тоа што е понудено во основната игра. А, неполна недела по DMC5, на 15 февруари, стапува на сила The Division 2. Претпоставуваме дека имавте можност да учествувате во отворената бета минатиот викенд. Од она што ние искусивме, играта е значително подобрување на урнекот од првата игра и нуди пријатно искуства и на фановите и на луѓето што беа разочарани од разблажениот концепт во првата игра. Кутии со плен ќе има уште во самиот старт, а доколку предвреме ја нарачате играта, ќе добиете подарок една од три игри, односно far Cry: Primal, Watch Dogs 2, или Ghost Recon. The Division 2 е прва игра на Ubisoft која нема да се продава на Steam. За војната на клиентите пишувавме тука!

Неделата по The Division 2 делува срамежлива во поглед на пласирање поголеми хитови и утеха би можеле да барате во аниме насловот One Piece World Seeker и авантуристичките способности на Луфу. Во случај да ве разочара насловот, во што сериозно се сомневаме, би можеле да го насочите вниманието на акционото hack and slash лудило Fate/Extella Link или пак на Sekiro: Shadows Die Twice.

Sekiro: Shadows Die Twice е нова авантура која ни доаѓа од FromSoftware, креаторите на Bloodborne и Dark Souls серијалот. Независно од тоа дали ќе се прикарадувате или пак ќе навлегувате во директни пресметки, користете арсенал од алатки и моќни нинџа способности. Играта освои две награди на gamescom 2018 и со нетрпение очекуваме да видиме дали навистина ќе произлезе како најдобрата акциона игра и најдоброто од gamescom. Неколку дена подоцна, Avalanche Studios, авторите зад познатиот Just Cause серијал, ќе понудат огромен, отворен свет, сместен во осумдесеттите години на Шведска. Во Generation Zero на располагање ќе имате бројни мисии и предизвици, а ултимативната цел ќе биде да преживеете така што барате оружја и клучни намирници. Сами, или со уште тројца пријатели ќе соработувате за целосно ликвидирање на непријателот, а некаде помеѓу бројниот плен, ќе наидете и на облека и фризури кои биле карактеристични за тогашниот период (1980-те години). Во случај да барате уште една игра во отворен свет, но заснована на концептот од класичните RPG игри, на 26 март ќе можете да ја проверите Outward. И оваа игра ви дозволува самостојно или заедничко преигрување. Како додатен плус е тоа што можете да ја играте со пријателите така што локално го делите екранот.

На 26 март, конечно ќе можете да го искусите крајот на The Walking Dead серијалот. Во четвртата епизода, Take Us Back, Клем ќе навлезе во последните моменти од нејзините авантури и ќе ви дозволи правилно да се збогувате со несудената ќерка на Ли. Крајот на месецот Март се резервира за римастерите на Assassin’s Creed 3 и Assassin’s Creed Liberation. Оние кои се задоволни од моментниот квалитет или одамна имаат завршено со овие две игри, можат целосно да се фокусираат на Tropico 6. По прв пат, најновата стратегија на Kalypso Media ви дозволува да играте на група од острови и да управувате со повеќе острови во исто време. Праќајте агенти за најразлични политички цели, градете, прилагодувајте и истражувајте – Tropico 6 остава впечаток на една од најдобрите стратегии и едвај чекаме повторно да навлеземе во чевлите на El Prresidente.

Целосна листа на сите игри кои ќе излезат во март:

Dark Souls Trilogy [PS4, XBO] – 1 март
Dead or Alive 6 [PC, PS4, XBO] – 1 март

The Lego Movie 2 Videogame (EU) [PC, PS4, XBO, Switch digital] – 1 март
ToeJam & Earl: Back in the Groove [PC, PS4, XBO, Switch] – 1 март
Treasure Stack [PC, XBO, Switch] – 1 март
Attack of the Earthlings [PS4, XBO] – 5 март
Beat Cop [PS4, XBO, Switch] – 5 март
Eternity: The Last Unicorn [PC, PS4] – 5 март
Left Alive [PC, PS4] – 5 март

Tick Tock: A Tale for Two [PC] – 7 март
Devil May Cry 5 [PC, PS4, XBO] – 8 март
Kirby’s Epic Yarn [3DS] – 8 март
MX vs ATV All Out Anniversary Edition [PC, PS4, XBO] – 12 март
The Division 2 [PC, PS4, XBO] – 15 март
Fenimore Fillmore: 3 Skulls of the Toltecs [PC] – 15 март
Lego Marvel Collection [PS4, XBO] – 15 март
One Piece World Seeker [PC, PS4, XBO] – 15 март

Fate/Extella Link [PC] – 19 март
The Sinking City [PC, PS4, XBO] – 21 март
Fate/Extella Link [PS4, PS Vita, Switch] – 22 март
The Lego Movie 2 Videogame (EU) [Switch physical] – 22 март
Our World Is Ended [PS4, Switch] (EU) – 22 март
Sekiro: Shadows Die Twice [PC, PS4, XBO] – 22 март

Final Fantasy 15: Episode Ardyn DLC [PC, PS4, XBO] – 26 март
Generation Zero [PC, PS4, XBO] – 26 март
The Lego Movie 2 Videogame (US) [Switch physical] – 26 март
Our World Is Ended [PS4, Switch] (US) – 26 март
Outward [PC, PS4, XBO] – 26 март
Space Junkies [PC, PSVR] – 26 март
Telltale’s The Walking Dead: The Final Season – Episode 4 “Take Us Back” [PC, PS4, XBO, Switch] – 26 март
The World Next Door [PC, Switch] – 28 март
Assassin’s Creed 3 Remastered [PC, PS4, XBO] – 29 март
Assassin’s Creed Liberation Remastered [PC, PS4, XBO] – 29 март
Tropico 6 [PC] – 29 март

Yoshi’s Crafted World [Switch] – 29 март

1 коментар на “Игри кои ќе излезат во март

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии