Во месецот февруари се очекуваат триесетина исклучително квалитетни игри. Ни конзолите нема да бидат запоставени и гејмерите конечно ќе можат да се втурнат во EA Sports UFC 3 и да ја издвојат ултимативната победа во рингот. Екслузивно за PS4, ќе се појави надградената верзија на PS2 хитот, Shadow of the Colossus, а истиод ден ќе се појави Marooners за PS4 и Xbox One. The Seven Deadly Sins: Knights of Britannia е уште една PS4 екслузива која ни доаѓа од Bandai Namco, а тука некаде се провлекуваат и Hokuto ga Gotoku и De Blob 2 Remastered. Одлични вести и за оние кои ја земаат нивната дневна гејминг доза од конзолата на Нинтендо. За Switch ќе излезат и двете Bayonetta игри, како и надалеку популарната Payday 2, паралелно со Sky Force Reloaded, Dragon Quest Builders и Pac-Man Championship Edition 2 Plus. Во продолжеток, ја истакнуваме нашата, целосно субјективна листа од најочекуваните игри за февруари 2018.

Civilization VI: Rise and Fall – (PC) – 8 февруари

За Civilization VI: Rise and Fall пишувавме во неколку наврати, првин за најголемите промени, а потоа и за лидерите кои ќе се појават со експанзијата. Знаејќи ја историјата на студиото, нема никакво сомневање во тоа дека проширувањето ќе навлече нов слој комплексност и уште еднаш ќе го редефинира значењето на изразот: само уште еден круг. Најновиот трејлер го заменува прикажувањето лидери со прикажување нови системи, како Great Ages, Loyalty, Governors, Enhanced Alliances, Emergencies, како и нови чуда и единици.

Kingdom Come: Deliverance – (PC, PS4, Xbox One) – 13 февруари

Се работи за долго-очекувана игра која ќе ги отвори портите на масивен, реалистичен  и отворен свет со историска прецизност и приказна која се расчленува во различни насоки. Заснована на CryEngine, Kingdom Come: Deliverance го обработува средно-вековниот период во кампања за еден играч и со исклучително насилни борбени механики во прво лице. Реализмот игра огромна улога и сè е со рок со траење. Оклопите, опремата и оружјата се трошат и стануваат неефикасни, а скоро секој може да биде убиен. Фановите на Mount and Blade серијалот би требало да се чувствуваат како да се дома со оваа игра.

Monster Energy Supercross: The Official Videogame – (PC, Switch, PS4, Xbox One) – 13 февруари

Како повеќе-платформска игра, Monster Energy Supercross: The Official Videogame ќе ви дозволи да се тркате со официјалните мотори од 250SX и 450SX и тоа на официјалните терени, како и да уживате во комплексни можности за создавање нови терени преку вградениот едитор. Моторите и тркачите ќе можат да се прилагодуваат според вашиот вкус и потреба, а покрај кариера, имате и на располагање неколку модови за тркање со вештачката интелигенција или вистински играчи.

Dynasty Warriors 9 – (PC, PS4, Xbox One) – 13 февруари

Деветата hack and slash игра од овој серијал се очекува да направи целосен ремонт на гејмплеј механиките така што ќе воведе околини во отворен свет и можност за нивно истражување со коњ, брод или пеш. Имплементирајќи насилни или прикрадувачки тактики, навлезете зад непријателските линии и ставете крај на импресивни бранови и бранови од непријатели. Од друга страна, никој нема да ги спречи ни вашите амбиции за уредување домови со најразличен мебел, ловење риби, кампување или пак едноставно уживање во дено-ноќниот интерактивен циклус и динамичен систем за време.

Metal Gear Survive – (PC, PS4, Xbox One) – 20 февруари

Несомнено, Metal Gear Survive има интересен концепт на прикрадување и елиминирање научно-фантастични зомби чудовишта во препознатлива алтернатива на Metal Gear универзумот. Користење на околината за привлекување внимание и за ликвидирање, како и огромни мапи кои преколнуваат за комплексно ко-оп тактизирање се само дел од работите кои нè импресионираа. Најавата на играта се случи во период кога играчите беа згадени од скандалозните збиднувања помеѓу Konami и Хидео Коџима, но со текот на времето, бројните гејмплеј прикази некако успеаја да ги загрејат гејмерите. Имајте во предвид, меѓутоа, дека Metal Gear Survive не само што ќе има микротрансакции туку и ќе бара постојан приклучок до интернет.

Age of Empires: Definitive Edition – (PC) – 20 февруари

Age of Empires Definitive Edition е комплексен римастер кој ќе понуди на гејмерите 4К графика, подобрена музичка подлога и гејмплеј. Играта, како што можеби веќе претпоставувате, ќе биде само за сопствениците на Windows 10 оперативните системи и ќе се продава само преку интерната продавница на Microsoft. Оние кои немаат ништо против со тоа, ќе уживаат во значително подобрена графика, неколкукратни можности за зумирање, импресивно уништување на структурите, како и подобрени гејмплеј механики, почнувајќи од приказ на поголема популација, преку подобрен систем за автоматско снаоѓање на мапите, па сè до проширен кориснички интерфејс. Во меѓувреме, Relic Entertainment работи и на Age of Empires IV, а се очекуваат и римастери на Age of Empires 2 и 3.

Останати игри кои ќе излезат во февруари:

Sky Force Reloaded – (Nintendo Switch) – 1 февруари

EA Sports UFC 3 – (PS4, Xbox One) – 2 февруари

We Were Here Too – (PC) – 2 февруари

Shadow of the Colossus – (PS4) – 6 февруари

Marooners – (PS4, Xbox One) – 6 февруари

Octogeddon – (PC) – 8 февруари

Dragon Quest Builders – (Nintendo Switch) – 9 февруари

The Seven Deadly Sins: Knights of Britannia – (PS4) – 9 февруари

Under Night In-Birth Exe: Late[st] – (PS3, PS4, Vita) – 9 февруари

Owlboy – (Switch, PS4, Xbox One) – 13 февруари

Radiant Historia: Perfect Chronology – (3DS) – 13 февруари

The Longest 5 Minutes – (PC, Switch, Vita) – 13 февруари

A Certain Magical Virtual-On – (PS4, Vita) – 15 февруари

Secret of Mana – (PC, PS4, Vita) – 15 февруари

Bayonetta – (Switch) – 16 февруари

Bayonetta 2 – (Switch) – 16 февруари

Fe – (PC, Switch, PS4, Xbox One) – 16 февруари

Long Gone Days – (PC, Mac, Linux) – 18 февруари

Hokuto ga Gotoku – (PS4) – 22 февруари

Pac-Man Championship Edition 2 Plus – (Switch) – 22 февруари

Past Cure – (PC, PS4, Xbox One) – 23 февруари

Sword Art Online: Fatal Bullet – (PC, PS4, Xbox One) – 23 февруари

De Blob 2 Remastered – (PS4, Xbox One) – 27 февруари

Girls und Panzer: Dream Tank Match – (PS4) – 27 февруари

Gravel – (PC, PS4, Xbox One) – 27 февруари

Payday 2 – (Switch) – 27 февруари

1 коментар на “Игри кои ќе излезат во февруари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии