Запознајте се со новите лидери во Civilization 6: Rise and Fall

Како што можеби знаете, најновото големо проширување за феноменалната Civilization 6 нѝ доаѓа на 8.февруари.  Покрај осум цивилизации и целосно нови системи во гејмплејот, она што експанзијата планира да воведе се и девет нови лидери. Во продолжеток, ве запознаваме со првите четири!

Шандрагупта

Најновиот од штотуку-откриените лидери нѝ доаѓа од Индија, а се работи за суштата спротивност на Ганди и неговата политика заснована на мир. Шандрагупта е лидер кој ја буди агресивноста на неговите луѓе и зазема ратоборни ставови со армијата од јавачи на слонови. Неговата уникатна способност, Arthashastra ви дозволува да објавите војна на територијално проширување, а во првите неколку редови од таквата војна, вашите единици добиваат бонуси во движењето и битките. Шандрагупта се опишува како харизматичен интелектуалец кој произлегол од сенката на Чанаква – пионир на економијата во Индиа. По Ганди, Шандрагупта е вториот алтернативен лидер на индискиот народ.

Џингис Кан

Монголиската армија ќе го освои светот со лидерот на обединетите племиња на северо-источна Азија. Но, ако по нешто е познат Џингис Кан, тоа е по неговите брутални кампањи и одлуки кои и до ден-денес ги потресуваат историчарите. Во Civilization 6: Rise and Fall, монголската уникатна единица е Keshig – коњаници со лак и стрела кои се гордеат на нивната брзина и ефикасна подршка на останатите единици. Нивниот лидер, меѓутоа, се одликува со способноста Mongol Horde, односно борбени бонуси на сите единици кои јаваат коњи. Со секое поробување на непријателски коњаници, овој лидер добива поголеми шанси да го зголеми капацитетот на неговата армија.

Кралица Сандак

Кореја ќе стапи на сцена со лидерот кој успејал да допринесе кон оформување на трите кралства на Кореја.  Градењето на уникатната област  Seowon, пак, ќе ве награди со повеќе наука. За уште поефикасно собирање на овој ресурс, ќе ви помогне новата уникатна способност, Three Kingdoms, каде добивате бонус наука од рудниците и бонус храна од фармите кои се во непосредна близина на Seowon. Уникатната единица, Hwacha, е всушност пренослива балиста која е способна да исфрли 100 стрели или 200 Chongtong куршуми.

Кралица Вилхемина

Холандија, како нација во Civilization 6: Rise and Fall, ќе мора да ја насочи вербата кон кралицата која го наследи тронот како 10 годишно девојче и владееше скоро 58 години. Нејзината уникатна способност е Radio Oranje, во чест на нејзините емитувања за време на холандскиот отпор за време на Втората Светска Војна. Со оваа способност, се добива бонус во лојајност од сите градови низ кои поминуваат патиштата за тргување кон Холандија, како и бонус за култура со патишта воспоставени со надворешни градови. Во поглед на војните освојувања, нивната уникатна единица е De Zeven Provinciën – моќен брод со 80 топови кои би требало да ја загарантира нивната  поморска сила.

Тоа беа сите лидери кои Firaxis се осмели да ги открие. За сè останато, следете нè понатаму! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии