И Epic ќе има продавница за дигитални игри

Epic Store ќе биде продавницата која ќе се потруди да го симне Steam од врвот. За да успее во оваа амбициозна цел, Epic Store ќе имплементира паметни тактики, како кај купувачите, така и кај девелоперите. Од една страна, Epic ќе подарува по две игри месечно на сите гејмери во првата година од постоењето.

Од друга страна, девелоперите кои ќе решат да ги продаваат нивните игри на Epic store ќе добиваат значително поголем колач од заработката. Имено, за секоја остварена продажба, Epic задржува 12% од сретствата. Steam, меѓутоа, задржува 30%, а дава на издавачите само 70% од парите.

„Ние сметаме дека девелоперите и креаторите на содржини се главните причинители за огромниот раст и интерес во индустријата и дека тие треба да го земаат максималниот дел од заработката“, објаснува претставник од Epic. „Компаниите кои нудат услуги во форма на енџини, продавници, платформи, или трансакциски размени се тука само да помогнат и соодветно да бидат платени.“

Epic Store не е замислена само за да ги спои гејмерите и девелоперите, туку и да пружи други можности за заработка. Таквото нешто го планираат преку програмата Support-A-Creator.

„Support-A-Creator програмот е клучен за помагање игрите на девелоперите да ги пронајдат гејмерите. Креаторите на содржини, како јутубери, твич стримери, косплеери, организатори на заедници, и блогери заземаат клучно место во гејмерската индустрија и начинот на кој таа се менува“.

Од Epic објаснуваат како порано повеќето такви креатори не биле наградени од девелоперите за нивната работа. Таквата креативна толпа морала да се потпира на донации. Epic има план да ги поврзе креаторите на содржини со девелоперите и да го олесни процесот на откривање игри. Луѓето кои ќе овозможат таква врска и услов, ќе бидат соодветно наградени.

Игрите кои ќе се појават на Epic Store првенствено ќе бидат одбирани од тим од Epic. Подоцна, се планира пристап до какви било игри кои ќе подлегнуваат на одредени норми за технички квалитет. „Ние не планираме да одбираме игри во зависност од креативното или уметничкото изразување на девелоперите“, додаваат од Epic.

Повеќе детали ќе се знаат на овогодишните The Game Awards. Овој настан почнува на 6.декември. Покрај ова, на настанот се планираат 10 најави на игри по прв пат. Оваа и неколку други вести покривме во нашиот последен извештај.

2 коментари на “И Epic ќе има продавница за дигитални игри

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии