Гејминг новости од минатата недела #98

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и осмо издание.

The Game Awards ќе се одржи неделава. На 6.декември, ќе бидат најавени над 10 нови игри кои целосно се држат во тајност, како и бројни надополнувања за познатите игри. Се шепоти дека на настанот би можело да се открие најновата Dragon Age игра. Obsidian, пак, потврди дека ќе ги запознае фановите и со нивната следна RPG игра. Се претпоставува и дека конечно би можеле да чуеме нешто и за Alien: Blackout.

Bethesda се најде во нов скандал со целото Fallout 76 фијаско. Студиото продаваше Fallout 76 Power Armor Edition каде, за 200 долари, вети да ја испорача играта, Power Armor шлем и слични додатоци, како мапи, војничиња и слично. Шлемот, според промо материјалите, требаше да биде во високо-квалитетна платнена торба, но купувачите кои решија да ја поддржат играта преку најскапиот платежен столб, го добија шлемот во евтина најлонска торба, видно различна од промо материјалите. Проблемите станаа уште поголеми откако претставник од Bethesda ноншалантно објасни дека торбата од платно била многу скапа, не им се исплатело и затоа решиле да одат со најлонска алтернатива. Бесот на фановите проба да го смири Bethesda така што им понуди на сите засегнати 500 атоми, дигитална валута во Fallout 76 која можете да ја купите за 5 долари. Ова, можете да претпоставите како беше прифатено од гејминг светот.

Bethesda го промени датумот на излегувањето на Blades, играта за мобилни направи заснована на Elder Scrolls универзумот. Наместо пред нова година, играта ќе излезе по новата година. Во случај да не се сигурни зошто Bethesda реши да не ја издаде оваа игра токму во овој период, земете ја во предвид претходната вест.

Wildstar, уникатната ММО игра која нѝ беше исклучително драга и за која навистина навивавме да успее, згасна на 28.ноември. Студиото зад играта вложуваше константни напори да проба да ги заинтригира гејмерите, но, неможејќи да привлече доволен број заинтересирани, неминовното стана реалност. Преку официјалниот акаунт на Twitter се потврди згаснувањето и се заблагодари на сите што најдоа втор дом на Нексус.

Pathologic 2 нема да излезе како целосно игра, туку ќе се испорачува во поглавја. Првиот дел се очекува во средината на 2019 година. Првиот дел ќе ја обработува перспективата на првиот од трите главни ликови, а сличен третман се очекува и за останатите два ликови. Одлуката била донесена откако студиото заклучило дека поголемиот број гејмери не се спремни да потрошат многу време и енергија во една игра и дека новите игри мора да бидат пофлексибилни за играње.

Life is Strange 2 ќе ја исфрли втората епизода во јануари. Првата епизода излезе во септември и многумина фанови ја очекуваа втората епизода во декември, слично на распоредот на излегување со првата игра. Dontnod Entertainment, меѓутоа, се изјасни дека сакаат да понудат епизода која ќе се одликува со квалитет и ќе остави впечатлив емоционален белег врз играчите. Поради тоа, епизодите ќе излегуваат подоцна од планираното.

Overkill’s The Walking Dead излезе. Иако се работи за солиден производ, студиото зад играта не успева да ја продаде играта во доволен број количини. Со цел да се подобри ситуацијата, Starbreeze реши да ја отцепи играта и да ја продава за 50% помалку пари. Таканаречената Starter едиција дава целосен пристап до 1 сезона, но сите идни содржини ќе мора дополнително да се купуваат. Во случај да немате некоја содржина, но сте поканети од некој кој ја има, без проблем можете да играте заедно.

Anthem ќе започне тестирање на алфа верзијата на играта на 8 и 9 декември. Среќните избраници ќе можат да го проверат најновото чедо на Bioware на PS4, Xbox One, и PC. Оние кои се на PC, ќе мора да поседуваат конфигурација со Intel Core i5 3570 процесор, 8 GB RAM, Nvidia GTX 970 4GB, и 60GB простор.

1 коментар на “Гејминг новости од минатата недела #98

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии