Fluent Design System е одговорот на Microsoft на Material Design

Microsoft го претстави Fluent Design System. Станува збор за систем кој ќе помогне во креирањето на кориснички интерфејс на повеќе различни платформи.

Fluent Design System е своевидна копија на Material Design на Google. Целта е со една платформа да овозможи креирање на единствен јазик за дизајн кој ќе биде поддржан на повеќе уреди. Платформата произлегува од Project Neon, кој Microsoft го најави на почетокот на годината.

Fluent Design System доаѓа на местото на Metro. Компанијата долго го користеше ова име, но поради спор со германски ланец на маркети, мораше да се откаже. Можностите на Fluent Design System ќе бидат слични на Material Design. Ќе бидат опфатени: светлина, длабочина, движење, материјал и димензии.

На страницата на Fluent,  Microsoft има едноставни упатства како може да се користат дел од овие функционалности. Светлинта на пример е начин на кој може да се привлече вниманието на корисниците. Длабочината овозможува искористување на односот помеѓу објектите и интерфејсот. Движењето треба да ја прикаже поврзаноста помеѓу елементите.

Системот ќе функционира на повеќе платформи. Од телефони, таблет компјутери, десктоп компјутери, конзоли за игри, па сѐ до виртуелната реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии