Final Fantasy 15 ќе добие бесплатно демо наредната недела, а набргу потоа ќе гостува и Гордон Фриман од Half-Life

За Final Fantasy 15 чекавме исклучително долго време, но ова е двојно повистинито за Half-Life 3. По се изгледа, тимот зад Final Fantasy 15 ќе проба да го ублажи ударот од вечното чекање така што ќе ви дозволи да играте во Final Fantasy 15 облечени како немиот протагонист, Гордон Фриман.

Како резултат од заедничка соработка помеѓу Square Enix и Valve сите оние кои ќе ја предвреме нарачаат Final Fantasy 15 Windows едицијата на Steam или пак ја купат до 1.мај, ќе добијат Half-Life пакет преку Steam Workshop.

„Во овој пакет ќе најдете костим за Ноктис, кој е заснован на Гордон Фримен, ѕвездата на легендарниот Half-Life серијал. Пакетот ќе биде овозможен за користење и преку FFXV Multiplayer експанзијата Comrades“, се чита од официјалниот допис.

„Тоа значи дека вашиот аватар исто така ќе може да го носи костимот на Гордон Фримен.“

Покрај костимот, играчите ќе ги имаат на располагање и култните очила и crowbar.

Final Fantasy 15 помина на конзолите релативно успешно, и покрај одредена контроверзност и големата „љубов“ на Конан О’Брајан.

Дополнително, одредени корисници и понатаму покажуваат загриженост за тоа каква би била оптимизацијата за PC. Токму поради ова, ќе се појави бесплатно демо кое на сите заинтересирани ќе им ја покаже целото прво поглавје во Final Fantasy 15. Демото ќе стане достапно за преземање преку Steam, веќе од понеделник, односно 26.февруари.

Final Fantasy 15 Windows Edition излегува на 8.март.

1 коментар на “Final Fantasy 15 ќе добие бесплатно демо наредната недела, а набргу потоа ќе гостува и Гордон Фриман од Half-Life

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии