Информацијата дека Final Fantasy 15 има битка од 72 часа се покажа невистинита

Конан О’ Брајан беше еден од ретките среќници кои ја играа Final Fantasy 15 пред време. Арно ама, играта воопшто не му се допадна и човекот не штедеше во упатување потсмевни коментари за играта. При крај од исцрпната рецензија со актерот Елајџа Вуд, незадоволните тестери се најдоа очи-во-очи со еден од најмасовните и нај предизвикувачките босови во играта. Она што ги изненади сите, меѓутоа, беше коментарот на помошникот на Конан, Ерон Блејрт, кој објасни дека за елиминирање на босот ќе треба да се одделат 72 часа, односно цели три дена. Заинтригирани од информацијата, одредени гејмери веднаш скокнаа во пресрет на предизвикот.

ff15_adamantoise-0

72 часа = 1 час

Според гејмерот PowerPyx нема никаква вистина во таквата констатација. За соочување со планината од чудовиштето мора да ја завршите кампањата, а се препорачува да сте левел 99. PowerPyx, препознатлив по нетрпеливоста и тврдоглавото тестирање на ваквите тврдења, го испочитува само првото правило, а ја нападна грдосијата на левел 69. Во комбинација со бројни јадења и пијалоци за зголемување на убиствената моќ, јутуберот го доживеа разочарувачкиот завршеток по само еден час млатење.

Нема сомневање дека се работи за тежок бос, но изјавата дека за надминување на тежината се потребни полни три дена е далеку од реална. Што се однесува до наградата од ваквиот епски лов, трпеливите гејмери ќе добијат 50,000 gil, соодветно достигнување и импресивна нараквица.

Во случај да барате игри со подеднакво импресивни босови, од срце ви ја препорачуваме Dragon’s Dogma: Dark Arisen.

1 коментар на “Информацијата дека Final Fantasy 15 има битка од 72 часа се покажа невистинита

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии