Tesla го претстави својот најнов производ – соларен кров

во Свет, Хардвер

Image Courtesy of Tesla

Tesla не запира. Компанијата е решена да направи револуција во автомобилската и енергетската индустрија. Вчера, Tesla го претстави најновиот производ во нивното портфолио – соларниот кров. На настанот, кој се оддржа на сценски сет во Universal Studios во Лос Анџелес, компанијата ги прикажа керамидите, направени од стакло.

„Сонцето нуди многу повеќе енергија во само еден час за да се задоволат сите енергетски потреби на планетата за цела една година. Вашиот дом може да ја складира енергијата од овој бесплатен, чист извор на енергија преку соларните керамиди, претворајќи ги сончевите зраци во струја за користење или складирање во Powerwall батеријата.“ – стои на сајтот на Tesla.

Керамидите се достапни во четири различни стила кои визуелно не се разликуваат премногу од сегашните кровови и керамиди на кои сме научени. Основачот на компанијата, Илон Маск, истакна дека соларниот кров на Tesla е далеку покул од сегашните соларни панели.

image-1184

Дополнително, Tesla го најави и второто издание на “куќната батерија” Powerwall 2, која служи за агрегирање на дополнителната енергија од соларните панели. Цената на Powerwall 2 ќе изнесува 5.500 американски долари.

На тема, енергија и искористување на истата, не заборавајте да ја погледнете премиерата на “Before the Flood”, документарниот филм на Леонардо ди Каприо во кој гостува и Илон Маск. Повеќе за филмот тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments