Facebook доби казна од 5 милијарди долари за нарушување на приватноста на корисниците

Федералната комисија за трговија го казни Facebook со рекорди 5 милијарди долари. Ова е највисока казна за нарушување на приватноста во историјата. Причината за казната е случувањето со Cambridge Analytica и останатите пробивања на приватноста. Но предвид е земен и постојаниот неуспех за заштита на податоците на корисниците од трети страни.

Казната друштвената мрежа е и поради злоупотреба на довербата која им ја укажуваа корисниците. Еден од примерите кој е искористен е злоупотребата на телефонските броеви за реклами. Друштвената мрежа броевите ги собираше за поголема безбедност, но наместо ова испорачуваа реклами. Дополнително има уште неколку причини за високата казна, главно измама на корисниците. Компанијата ги уверуваше корисниците дека препознавањето на ликовите не е активирано ако корисникот не даде дозвола, но и ова не беше точно.

„Агенцијата заклучи дека друштвената мрежа не е транспарентна за начинот на кој развивачите на апликации, маркетинг и другите имаа пристап до личните податоци на корисниците – од содржината која им се допаѓа, до телефонските броеви кои ги чуваат, сè ова е во спротивност со претходните ветувања на Facebook дека ќе ја подобри приватноста“, вели Washington Post.

Паричната казна која е рекордна е само дел од договорот која Федералната комисија го договори со друштвената мрежа. Facebook ќе мора за секој нов производ или услуга да предвиди и извршува оценки за приватноста. Потоа овие прегледи ќе бидат поднесувани до директорот на компанијата и до независен оценувач. Со ова ќе се обезбеди за приватноста да постои компаниска и индивидуална одговорност.

Технологијата за препознавање на ликови е дел од договорот. Facebook нема да може да ги користи сликите кои ги „поседува“ за развој на технологија за препознавање на ликови без да добие дозвола од корисникот. Ова се однесува на некој иден развој на технологија и тренирање на вештачка интелигенција. Сегашната верзија компанијата може да ја користи, иако за било каква надградба во која ќе се користат слики ќе мора да побараат дозвола.

Казната од 5 милијарди долари е највисоката во историјата, но не е доволна за дел од агенцијата. Тие бараа казни и одговорност и од  директорите и основачот на Facebook. За нивна среќа засега успеаја да го избегнат ова и не опфатени со било какво барање за одговорност.

Ова е втора огромна казна која ја изрече комисијата оваа недела. Пред едвај неколку дена со тогаш рекордни 700 милиони долари беше казнет Equifax.

1 коментар на “Facebook доби казна од 5 милијарди долари за нарушување на приватноста на корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии