Equifax ќе плати 700 милиони долари на жртвите од пробивањето на податоците

Во 2017 компанијата  Equifax откри дека се жртва на еден од најголемите хакерски напади. Над 147 милиони корисници на компанијата, но и луѓе чии податоци компанијата ги анализирала ја загубија контролата врз своите податоци. Equifax призна дека не преземале соодветни мерки за да ги заштитат клиентите и се спогоди со жртвите на овој напад.

Казната изгледа висока, и секако е најголема казна по одлука на Федералната комисија за трговија, но ако се потсетиме кои податоци се украдени, минималната сума од 300 милиони долари што може да ја исплати компанијата делува и преблага. Претходно највисоката казна по одлука на оваа комисија е 148 милиони долари, а казнет беше Uber.

Како дел од спогодбата Equifax ќе треба да исполни строги безбедносни мерки. Компанијата треба да прави годишни процени на безбедноста, на секои две години овие тестови треба да ги прави друга компанија и ако некој друг има пристап до овие податоци, мора да има иста мерки за заштита на податоците.

Корисниците чии податоци се украдени ќе добијат помеѓу 300 и 425 милиони долари, а останатите средства ќе бидат префрлени во 50 Бироа за финансиска заштита на потрошувачите, во секоја држава во САД. Максималната казна по корисник која компанијата можеше да ја добие беше 25 000 долари, а со спогодбата се сложија да платат 20 000 долари, пренесе Verge.

„Неспособноста, негрижата и несоодветните безбедносни стандарди на оваа компанија ги загрозија идентитетите на половина од населението во САД“, изјави Летиција Џејмс, јавен обвинител од Њујорк.

Во нападот хакерите дојдоа до лични податоци на над 147 милиони корисници. Дел од податоците кои се украдени се „броеви за социјално осигурување“, броеви и дата на истекување на платежни картички и имиња и презимиња на клиентите. Дополнително се украдени и броеви на возачки дозволи,дати на раѓање и адреси на живеење.

Со нападот во Equifax се зафатени над 44% од населението на САД.

1 коментар на “Equifax ќе плати 700 милиони долари на жртвите од пробивањето на податоците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии