Европската комисија го казни Googlе 1,49 милијарди евра

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.ЕУ

Европската комисија повторно го казни Google. Казната овојпат е поради злоупотреба на доминантната позиција која ја има AdSense во однос на конкуренцијата.

„Денес Европската комисија го казни Google 1,49 милијарди евра за нелегална злоупотреба на доминантната положба на пазарот за рекламите во онлајн пребарувањето. Google ја зацврсти својата доминација во онлајн рекламите што се појавуваат при пребарување и се заштити од притисокот на конкуренцијата со нелегални анти-конкурентски ограничувања во договорите на веб-страниците на трети страни. Ова е илегално според европските закони за заштита на конкуренцијата. Злоупотребата трае повеќе од 10 години и им оневозможи на останатите компании да се натпреваруваат и да иновираат, а на корисниците им ги ускрати придобивките од конкуренцијата“, вели Маргет Вестагер, комесар задолжен за заштита на конкуренција.

Новата казна се однесува на злоупотреба на Google пребарување вгнездено во страници. Веб страниците можеа да додадат поле за Google пребарување. Кога корисникот го користи полето Google му покажува реклами. Заработката од овие реклами Google ја дели со сопственикот на веб-страницата. Ова немаше да биде проблем доколку една од клаузулите во договорот не му забрануваше на сопственикот на веб страницата да додава други пребарувачи. Google постепено ги отстрануваше овие препреки, најпрво во 2009 година дозволи додавање на конкурентски пребарувач доколку Google пребарувачот е доминантен, а во 2016 во целост ја отстрани оваа клаузула, вели Verge.

Ова е трета казна за Google, а досега компанијата беше казнета: 4,3 милијарди евра за злоупотреба на мобилниот пазар; 2,4 милијарди евра за манипулација со шопинг резултатите во пребарувањето и ова е третата казна. Со последната казна компанијата се приближи до 10 милијарди евра, иако казните засега се 8,2 милијарди.

Ден претходно, Google објави дека ги поддржува слободата на избор и конкуренцијата во Европа. Најавата значи дека корисниците на Android уреди ќе имаат избор кој прелистувач и пребарувач ќе го користат на своите уреди. Промените доаѓаат по казната од 4,3 милијарди евра. Претходно Google започна да им наплаќа на лиценци на производителите за користење на сервисите. Сервисите кои не се повеќе бесплатни за телефоните во Европа се: Play Store, Gmail и Google Maps. Повеќе за оваа промена прочитајте тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии