Google ќе започне да им наплаќа на производителите за користење на сервисите во Европа

Дејан Соколоски

во feature, ИТ.ЕУ

Производителите на телефони кои сакаат своите уреди да ги продаваат во Европа ќе мора да започнат да му плаќаат на Google за дел од сервисите.

Еден од сервисите кои нема да бидат достапни без плаќање е Google Play Store. Всушност целиот „пакет“ кој е достапен на телефоните е поделен на 3 дела.

  • Самиот Android оперативен систем, достапен е бесплатно и без плаќање.
  • Play Store, Gmail, Google Maps во Европа не се бесплатни и ќе мора да биде платена лиценца. Нема можност за посебно плаќање и мора да биде платена лиценца за целиот пакет апликации.
  • Google Search и Chrome – може да се инсталираат бесплатно, но заедно со претходниот пакет апликации, пренесе Verge.

Или производителите можат да изберат еден од трите пакети: уред единствено со Android; уред со Android и Gmail, Maps и сличните сервиси; или сѐ заедно плус Google Search и Chrome.

„Инсталираните Google Search и Chrome заедно со другите наши апликации ни помагаа да финансираме и развиеме бесплатна верзија на андроид, ќе воведеме нов договор за лиценцирање на телефоните и таблет компјутерите кои се продаваат во Европа“, вели Хироши Локхајмер од Google.

Причината за промените е помалата потенцијална заработка од рекламите. Google собира податоци од корисниците преку пребарувањето и преку Chrome и потоа преку реклами заработува. Европската комисија и наложи на компанијата да го раздели Android од пребарувањето и од прелистувачот. Без овие податоци компанијата нема да заработи исто, па бара некаков дополнителен извор на финансирање.

Google ја обжали одлуката на Европската комисија, но компанијата ќе мора да ја испочитува пред да биде донесена одлуката по жалбата. Промените ќе бидат активни од 29 октомври, дали ќе бидат конечни ќе треба да почекаме и да видиме. Засега нема дополнителни податоци за начинот на плаќање ниту за цената која секој производител ќе треба да ја исплати.

1 коментар на “Google ќе започне да им наплаќа на производителите за користење на сервисите во Европа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии