Epic Games и Apple го продолжуваат спорот во Европската Унија

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Спорот на Epic Games и Apple продолжува во Европа. Epic во Европа отвори спор против Apple за заштита на конкуренцијата. Компанијата тврди дека провизијата од 30 отсто колку што изнесува делот на Apple за AppStore е злоупотреба на положбата која ја имаат на пазарот.

Ова е четврти пазар на кој Epic започнува спор против Apple. Претходно започнаа правна борба во САД, Австралија и Велика Британија.

Пред Европската комисија за заштита на конкуренцијата, Epic Games го обвини Apple дека праксата на компанијата ја нарушува конкуренцијата во дистрибуцијата на апликација, и во плаќањето, пренесе ABC News.

„Она што се доведува во прашање е иднината на мобилните платформи. Нема да седиме со скрстени раце и да му дозволиме на Apple да ја користи доминацијата на платформата за контрола на место каде сите треба да сме рамноправни“, вели Тим Свини од Epic.

Во август мината година Epic се обиде да го „извади“ плаќањето за „козметика“ во Fortnite надвор од AppStore и Google Play. Компанијата тогаш им овозможи на своите корисници да купуваат директно од Epic и поради немањето на провизија, ја намалија цената за 20 проценти. Речиси веднаш двете најголеми продавници ја отстранија Fortnite од своите платформи.

Европската Комисија веќе има отворена истрага за тоа дали Apple ја нарушува конкуренцијата со системот за плаќање. Претходно жалба вложи и Spotify кој вели дека дополнителната провизија им оневозможува да им конкурираат на Apple Music сервисот за стрим на музика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии