Поради директното плаќање Apple и Google ја отстранија Fortnite

Директното плаќање е причина Apple и Google да ја отстранат Fortnite од своите продавници. Fortnite без сомневање е една од најпопуларните видеоигри во моментов, но играчите кои играат од телефони не можат да играат.

На крајот на минатата (13 август) недела Epic Games издадоа надградба на популарната видеоигра. Заедно со надградбата за корисниците на iOS и Android додадоа можност за директно плаќање. Со ова корисниците можеа да платат директно на креаторите на Fortnite. Единствен начин на плаќање кој е дозволен на овие платформи е преку нивните сервиси и Fortnite беше отстранета речиси веднаш.

Со последната надградба на видеоиграта Epic Games ја намали цената на дигиталната валута која се користи за купување на козметички надградби во играта. Дополнително на своитe корисници им овозможи да купуваат директно од нив. Apple и Google земаат 30% од секоја трансакција, па иако Epic ја намали цената за 20%, сепак ќе заработуваат повеќе.

Отстранувањето не беше изненадување за Epic

Освен за Apple можноста за директно плаќање беше проблем и за Google, па и Apple и Google речиси веднаш ја отстранија Fortnite од своите платформи. Epic не беа изненадени од одлуката Apple да ја отстрани играта од продавницата. Речиси во истиот момент го објавија ова видео:

По ова Epic уште истиот ден поднесе тужба против Apple за злоупотреба на доминација на пазарот. Во тужбата Epic вели дека Apple има монопол врз iOS екосистемот и поради злоупотребата консументите на крај плаќаат повисока цена.

Во основа се бориме за правото на луѓето кои купиле паметен телефон од локација која ја одбрале; избор за креаторите да ги дистрибуираат апликациите како сакаат и слобода овие две групи да купуваат и продаваат директно едни од други. Главниот аргумент од другата страна е дека производителите на паметни телефони имаат право да прават што сакаат. Ова е ужасна замисла. Сите имаме права и треба да се бориме против сите кои ни ги негираат. Дури и ако ова значи борба против омилена компанија како Apple, вели Тим Свини, основач на Epic Games.

Проблеми и пред Европската Комисија

Пред речиси точно еден месец Европската Унија го отвори токму ова прашање пред комисијата за заштита на пазарот. Фокусот на Европската Комисија е како да се обезбедат подеднакви правила за креаторите на апликации ако нивниот софтвер директно се натпреварува со Apple. Истрагата е отворена на барање на Spotify и на дистрибутер на е-книги кои велат дека компанијата ја злоупотребува својата положба.

4 коментари на “Поради директното плаќање Apple и Google ја отстранија Fortnite

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии