Dead Space е бесплатна на Origin

Мартин Јованчевски

во гејминг

Ретко која игра успеја да го ревитализира survival хорор жанрот до толкав степен како Dead Space. 2008 година остана запаметена по исклучително квалитетен наслов кој на мајсторски начин комбинираше хорор и акција во sci-fi опкружување. Поради ова, продолжетокот беше повеќе од загарантиран и, иако двојката не ги разочара фановите, тројката потфрли во многу аспекти, a и беше една од првите игри кои воведоа микро трансакции во кампањата за еден играч.

Она што сакаме да ви кажеме е дека денот на вљубените не е единствената работа поради која треба да сте возбудени денеска и доколку се упатите на сајтот на Ориџин бесплатно ќе можете да ја преземете и играте Dead Space колку што ви сака срцето.

Трите Dead Rising игри нѝ доаѓаат од сега-распуштените Visceral Games. Visceral Games постоеше уште од 1998 година и навлегоа на сцената со Future Cop: LAPD. Тимот е познат по исклучително квалитетните James Bond игри, The Godfather , Dante’s Inferno и судбоносната Battlefield Hardline.

Dead Space е дел од привремената промотивна кампања на Origin, On the House и би требало да е бесплатна барем еден месец. Но, вие не чекајте толку! :)

Патем, дали знаевте дека за Dead Space има и две исклучително добри книги? Дознајте за овие и многу други преку нашиот извештај за книги базирани на видео игри!

1 коментар на “Dead Space е бесплатна на Origin

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии