Challenger@Work нова функционалност на апликација наменета за општествено одговорни компании

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Македонската апликација Challenger е започна на Startup Weekend 2018. Идејата на апликацијата е едноставна, преку натпреварување и награди ги мотивира корисниците да направат нешто добро за општеството и за планетата.

Корисниците на Challenger секој ден пешачејќи или возејќи велосипед превоз завршуваат предизвици за кои добиваат поени. На крај овие поени може да се искористат за купување производи во Challenger продавницата или за попуст кај некои од партнерите.

Од овој месец апликацијата носи нови функционалности наменети за компаниите. Со нив компаниите кои сакаат да ги мотивираат вработените и воедно да бидат општествено одговорни можат да понудат предизвици за своите вработени.

Пандемијата ни донесе нова реалност и начин на функционирање, а со тоа вработените започнаа со работа од далечина. Ова значително го намали тимскиот дух во компаниите, кој што претходно полесно се одржуваше преку заедничко работење во канцеларија, тимски настани, дружби по завршување на работното време и многу други настани. Но, кога станува збор за организирање на тимски активности на далечина и импровизација за истите, многу компании се соочија со предизвикот за наоѓање на креативни решенија, како и мотивирање и поттикнување на своите вработени да се вклучат во ваквите активности.

Тимот на Challenger направи нов модел наменет за компаниите, а тоа е брендиран dashboard на кој се рангираат сите вработени според своите изминати зелени километри, а компанијата ги наградува најдобрите. Се што треба е вработените на една компанија да ја инсталираат апликацијата Challenger, а ние ќе го направиме dashbord-от. Eдна од трите компании кои ни се приклучија е Symphony Digital Skopje. Пресреќни сме бидејќи Symphony е компанија која е вистински пример за воведување иновативни начини за општествена одговорност, а воедно нудат интересни награди за најактивните вработени во нивната фирма. Заедно со тимот на Symphony ги „предизвикуваме“ нивните вработени да се движат почесто, да ги намалуваат CO2 емисиите во воздухот, а за тоа заеднo ги наградуваме. За нас е ова е синергија која носи промени – вели Олга од Challenger.

Простор на Symphony Digital во Challenger

За компаниите ова значи дека ќе можат да креираат сопствен затворен простор во кој нивните вработени ќе можат да се натпреваруваат помеѓу себе. Функционалноста треба да го поттикне тимскиот дух, но и да ги мотивира корисниците да пешачат и да возат повеќе за да ги освојат наградите од предизвиците. Со вклучување на компаниите на Challenger компаниите активно се препознаваат како општествено одговорни компании.

Апликацијата е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии