Бесплатни и моќни PDF можности со Icecream PDF Editor

Порано или подоцна, работа во PDF документи се чини неизбежна. Флексибилноста на овој формат има допринесено до секојдневна употреба во одредени работни полиња. Оние кои сакаат да создадат PDF документ, можат тоа да го направат директно од Windows и Mac OS опкружувањето преку менито Print. Но, во случај да сакате да правите промени, односно надополнувања во PDF документи, тогаш е потребно да побарате помош од дополнителни програми. Проблемот кај поголемиот број вакви програми е тоа што се или непотребно комплексни, или значително ограничувачки, барем, додека не решите да посегнете по паричникот. Ова се главните причина поради кои нѝ се допаѓа Icecream PDF Editor.

Icecream PDF Editor e релативно нова алатка која е целосно бесплатна и крајно лесна за користење. На располагање имате бројни функции за кои повеќето други програми од овој калибар би барале пари. Алатката можете да ја користите за едноставно прегледување PDF документи, за менување текст и други објекти, за управување со страните во документот, за вметнување слики, текстови, или облици. Почнете да чепкате понатаму и ќе забележите опции и за ротирање на страните, за вметнување забелешки и печати, па дури и можности за менување на метадатата, отстранување веќе-постоечки податоци или внесување целосно нови.

Icecream PDF Editor е тука да ви помогне и за создавање нови PDF документи така што првин одредувате димензии, ориентација и број на страни, а потоа почнувате со полнење на документот. Прегледувањето на документите се заснова на една или две страни, со лесно пристапен зум за воочување на поситните детали. Интерфејсот на алатката може да биде прикажен на некој од моментните седум јазици.

Во нашата листа со најдобри PDF читачи, Icecream PDF Editor дефинитивно си го наоѓа местото и шампионски стои на врвот со гигантите.

1 коментар на “Бесплатни и моќни PDF можности со Icecream PDF Editor

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии