Сајт на денот: Слушајте бесплатно музика по ваш вкус со Jango Radio

во Веб

Дали ви е преку глава од еднолични и здодевни mp3-ки кои секојдневно ве бомбардираат со нивниот монотон ритам?  Дали би сакале да откриете нови нумери, групи и пејачи кои ќе отворат пошироки можности за негување на вашата потреба за аудио сатисфакција?  Доколку одговоривте потврдно на некое од овие прашања тогаш Jango е вашата веб дестинација!

Јango.com е балканска Pandora.com. Со оглед на тоа што Pandora и понатаму тврдоглаво одбива да ни пружи пристап до музика која се прилагодува на нашите интереси, многумина го наоѓаат спасот во алтернативи, едната од нив е и овој сајт на денот.

Јango.com работи на едноставен принцип. Со самото пишување на омилен пејач или група, сајтот креира станица која репродуцира нумери од истоимен жанр. На секоја песна, која ќе се осмели да кокетира со вашите сетила, можете да и дадете зелено светло и да ги охрабрите алгоритмите на сајтот почесто да ја пуштаат таа песна и сличните на неа.

Во спротивно, thumbs down ги блокира песните кои не ви се допаѓаат и инстантно ги заменува со некои други. Нормално,  за да уживате во овие предности, потребно е бесплатно да креирате сметка.

Во случај да не сакате да создадете станица, jango.com ќе ви понуди некоја од многуте претходно-креирани станици кои ќе се потрудат да го надополнат вашето расположените со соодветниот жанр музика. Изборот е огромен, а со оглед на тоа дека сево ова е бесплатно, ќе мора да се подготвите за мал компромис –  реклами.

Jango печали на два начини. Аудио и визуелни реклами. Првиот напад, ако можеме да го наречеме така, се случува во исклучително ретки интервали и не би требало да ве загрижува. Визуелните реклами, меѓутоа, се огромни, бројни и значително го загрозуваат визуелниот впечаток при користење на сајтот.

За крај, би сакале да ги споменеме и виртуелните парички, чиј број се зголемува со постојаното слушање на станиците. Таканаречените NeuCoins ги користите за играње одредени игри или пак за наградување пејачи.

Jango се одликува и со апликација за вашиот Android и iPhone телефон!

Пријатно слушање!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk