Како малата Норвешка стана вториот најголем купувач на Tesla Model S?

во Свет

Tesla Model S е најпопуларниот електричен aвтомобил поради две причини, одлично е дизајниран и функционира. Исто така е и скап. Ако сте во Норвешка ќе треба да платите над 100.000 евра за автомобилот. Но, зошто тогаш Норвежаните купуваат по стотина Тesla Model S секој месец? Норвешка, која се избори за својата независност од Шведска и Данска пред само 100 години, и која има само 5 милиони жители, како две Македонии, можеби е богата земја, но луѓето таму не се толку луди да фрлаат по 100.000 евра за автомобил ако немаат доволно добра причина.

[youtube]TelUR5Bg9zE[/youtube]

Норвешка сака да биде „зелена“ земја. Затоа дава субвенции за секој електричен автомобил, па сопствениците на овие „зелени“ возила не плаќаат паркинг никаде, можат да возат по лентата за автобуси, не плаќаат патарини, ниту плаќаат данок за автомобили. Ако го купите автомобилот за компанија, тогаш добивате 50% попуст од државата. Да не заборавиме дека со електричен автомобил Норвежаните не плаќаат ни за скапото гориво, туку за поевтина струја. Колку и да звучат одлично, вакви субвенции не се можни во Македонија, бидејќи од една страна во Македонија нема свест за „зелени“ иницијативи; од друга, македонскиот стандард е многу понизок од норвешкиот за да може да се купи електричен автомобил.

Но, постои и еден парадокс кој и дозволува на Норвешка да биде модел на земја, но и лицемер. Норвешка не е еколошка земја, туку е единствената скандинавска земја која има куп нафта и е еден од најголемите извозници на нафта и природен гас. Тоа заработено богатство и дава можност на Норвешка да се подготвува за иднината. Но, иако звучи како едноставен модел – откопај црно злато и почни да живееш како цар, сепак влијателниот подкаст Freakonomics, чија епизода го инспирираше овој текст, вели дека за да се биде успешна земја треба да биде добро водена, без врска на ресурсите. Лошото владењее, дури и ако имате куп нафта, води кон лоша држава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk