Триесет игри ќе се борат за вашето внимание на почетокот на новата сезона. Десет од нив, дефинитивно не би требало да ги пропуштите!

Final Fantasy XV – (PC) – 6.март

PC верзијата ќе биде базирана на најновата верзија на Luminous графичкиот енџин, а ќе подржува и 4К резолуции и Nvidia Gameworks. Како верзија во која Nvidia длабоко пушта корени, Final Fantasy 15 ќе се одликува со TurfEffect за реалистична симулација на трева, Hairworks за реалистичен приказ на коса, Flow за реалистична симулација на течност и дим, како и напредни алгоритми за амбиентална оклузија и сенки. Исто така, сите оние кои предвреме ќе ја нарачаат Final Fantasy 15 Windows едицијата на Steam или пак ја купат до 1.мај, ќе добијат Half-Life пакет преку Steam Workshop. Прочитај повеќе!

Warhammer: Vermintide 2 – (PC) – 8.март

Продолжетокот ви дозволува ново ко-оп лудило во прво лице, со подобрени борбени механики и посмртоносни орди од не само Skaven, туку и фракцијата Chaos. Vermintide 2 се одликува со пет херои низ 15 уникатни кариери, a Heroic Deeds системот допринесува до уште по непредвидливи сценарија. Авантурите продолжуваат во нови мапи околу Helmgart, а системот со плен е дополнително разработен за да го награди секое ваше напредување со корисни оружја и опрема.

Devil May Cry HD Collection – (PC, PS4 Xbox One) – 8.март

Колекцијата од првите три игри во далеку-познатиот серијал се враќа на големата врата и тоа за најкористените платформи. По цена од 30 евра, трите игри првенствено се изделуваат од оригиналите по бројните хирушки зафати во графичкиот оддел и нудење пофлуидно искуство на модерните системи.

Sea of Thieves – (PC, Xbox One) – 20.март

Сите оние кои позитивно гледаат на сè што има допирни точки со пиратите, би требало со огромно внимание да ја исчекуваат втората половина на март. Ексливниот хит на Microsoft е ко-оп игра во прво лице која ќе ви дозволи да истражувате преубави острови и да пловите низ предизвикувачките морски пространства. Сами или со друштво, преземајте најразлични квестови кои се достојни за пиратската тема и навлезете во бродски битки кои се дават во хаотични и адреналински моменти.

Attack on Titan 2 – (PC, Switch, PS4, Xbox One) – 20.март

Продолжетокот на акционата hack and slash игра базирана на манга серијалот на Hajime Isayamа ветува повеќе од истото. Двојката се надоврзува на настаните од првата игра, а покрај детален креатот на ликови, ќе имате на располагање и нов мод за приказната кој целосно се игра ко-оп.

Valkyria Chronicles 4 – (PS4) – 21.март

Valkyria Chronicles 3 беше едно од најпријатните изненадувања. Насловот успеа маестрално да смести тактички битки во аниме верзија на Втората Светска Војна и да ви дозволи да управувате со тим од прекрасни ликови низ иклучително трогателна приказна. Valkyria Chronicles 4 ве запознава со нови ликови и малку поразличен тактички гејмплеј.

A Way Out – (PC, PS4, Xbox One) – 23.март

A Way Out е нај уникатното игриво остварување кое произлегува од EA Originals програмата.Од малиот шведски, инди тим, чиј автор нè изненади со уникатната Brothers: A Tale of Two Sons, се очекува нивната нова, храбра и подеднакво уникатна ко-оп авантура, A Way Out, чија приказна се истражува само преку поделен екран и задолжително со уште еден играч, дали од комфорот на вашиот кауч или пак онлајн. Ова не е игра која би можеле да ја играте со пријател туку игра која морате, од почеток до крај.

Ni no Kuni II: Revenant Kingdom – (PC, PS4) – 23.март

Фановите на филмовите како Ponyo или My Neighbor Totoro точно знаат во што се впуштаат со Ni no Kuni II: Revenant Kingdom. Првата игра остави многумина гејмери разочарани со неинспиративниот борбен систем, но продолжетокот ветува нова приказна и ликови, во нов свет и со нови борбени системи.

Far Cry 5 – (PC, PS4, Xbox One) – 27.март

Петтата Far Cry игра се одвива во алтернативно, модерно доба и тоа на американската територија во Хоуп, Монтана. Во играта, народот се држи во психичко заробеништво од страна на религиозен култ кој, во име на повисока сила, зема што сака и како сака. Дознајте сѐ што треба да знаете за Far Cry 5 тука!

Agony – (PC, PS4, Xbox One) – 30.март

А сите оние кои не се ипресионирани од пролетта и раѓањето на животот би можеле да навлезат во пеколот и да истражуваат длабоко вознемирувачки теми преку хорор играта Agony. Со избришани сеќавања и уникатна способност да поседувате демони, потребно е да се извлечете од пеколот и негостопримливите жители без да врескате како мало девојче и добивате загрижени погледи од најблиските.

Death end re;Quest – (PS4) – 4.март

Bravo Team – (PSVR) – 6.март

Fear Effect Sedna – (PC, Switch, PS4, Xbox One) – 6.март

Frantics – (PS4) – 6.март

Scribblenauts Showdown – (Switch, PS4, Xbox One) – 6.март

Your Four Knight Princesses Training Story – (Switch, PS4, Xbox One) – 8.март

Golem – (PSVR) – 13.март

Surviving Mars – (PC, PS4, Xbox One) – 15.март

Kirby Star Allies – (Switch) – 16.март

Assassin’s Creed Rogue: Remastered – (PS4, Xbox One) 20.март

Assault Gunners HD Edition – (PC, PS4) – 20.март

Detective Pikachu – (3DS) – 23.март

Atelier Lydie & Suulle: The Alchemists and the Mysterious Paintings – (PC, Switch, PS4) – 27.март

MLB The Show 18 – (PS4) – 27.март

Shining Resonance Refrain – (PS4) – 29.март

Super Robot Wars X – (PS4, PS Vita) – 29.март

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии