Зaштитете ја вашата приватност без да користите дополнителен VPN софтвер

Дали знаевте дека вашите направи веќе имаат вградено можности за VPN и нема потреба од инсталирање дополнителни апликации за да вашиот пристап кон интернет стане приватен? Таквото нешто е можно на Windows 10, Android и iOS, со бесплатна VPN од hide.me.

Преку вашиот прелистувач, отидете на hide.me и креирајте акаунт за да одберете локација на серверот од кој сакате да се приклучите. Забележете ја адресата, која може да изгледа како free-nl.hide.me.

Во Windows 10, преку Settings, влезете во Network & Internet, изберете VPN и кликнете на Add a VPN connection. Под VPN provider, изберете Windows (built-in), во полето Connection name напишете hide.me, a во наредниот дел напишете ја адресата од серверот, нешто што го направивте во горните редови. Во VPN type, изберете IKEv2, а во Type of sign-in info, изберете Username and password и внесете ги податоците за логирање кои треба да се исти како тие за hide.me акаунтот. Кога сте веќе тука, дефинитивно штиклирајте Remember my sign-in info и кликнете на Save копчето за да не морате постојано да ги внесувате податоците. Со ова, hide.me VPN станува видлива во листата со конекции и се што останува е да кликнете на копчето Connect за да ја активирате.

За Android, упатете се во Settings, па Wireless & networks, па More, па VPN. Преку иконата со плус, внесете го името hide.me, типот нека биде L2TP/IPSec PSK, а на крај внесете ја адресата со која се здобивте преку горните чекори. Откако ќе ја направите hide.io да биде IPSec preshared key, допрете го копчето Save, потоа network и внесете ги вашите податоци за логин (истите како за логин во hide.me).

За iOS, упатете се кон Settings и соодветниот General таб. Изберете VPN, а потоа Add VPN Configuration. Доколку типот е IKEv2, продолжете на внесување сервер на ист начин како што објаснивме погоре и впишете hide.me во Remote ID. Претиснете го копчето Done откако ќе го внесете вашето корисничко име и лозинка, а под VPN Configurations, сменете го статусот на ON. Со ова, ќе забележите мала VPN икона на горното, лево ќоше.

Имајте во предвид одредени „рестрикции“ кои се наметнуваат доколку одите со бесплатната верзија на hide.me.

1 коментар на “Зaштитете ја вашата приватност без да користите дополнителен VPN софтвер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии