Zynga стартува своја платформа за игри, но се уште не го напушта Facebook

Благодарение на Facebook, Zynga успеа да стане неверојатно голема компанија која вреди милијарди. Facebook дури изјави дека студиото зад FarmVille, CityVille, MafiaWars и др им носи 12 отсто од приходите.

Знаејќи го ова за компанијата чиј бизнис се друштвените игри кои имаат под десетина милиони дневни корисници, нема да не изненади тоа што Zynga сега стартува своја платформа каде ќе може да продава свои реклами и да профитира од микротрансакциите без да мора да дава 30% на Facebook за користење на нивната вирутелна валута. Но, тоа не значи дека Zynga ќе го напушти својот златен рудник Facebok.

Новата платформа, која ќе стартува на Zynga.com, им нуди на гејмерите да се поврзат не само со своите Facebook пријатели, туку и со другите гејмери, наречени zFriends со кои ќе може да се чатува во живо. Zynga најверојатно ќе ја користи платформата за ексклузивно претставување на игри со цел да привлече повеќе играчи. Дополнително, ќе биде преставен „Social Stream” за да се споделуваат информациите од игрите.

Интересно, Zynga ќе им дозволи и на други гејмин студија да објавуваат игри на нивната платформа. Овој план на Zynga им се допадна на инвеститорите, па акциите на компанијата рипнаа за 10 отсто бидејќи сега сите се надеваат дека приходите на компанијата ќе скокнат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии