Zynga излегува на берзата, друштвените игри вредат $20 милијарди (инфографик)

Нашата филозофија, вели Zynga, е игрите да бидат достапни за секој и бесплатни. Но, иако игрите се бесплатни, тоа што е интересно е што Zynga профитира од виртуелни пари. Виртуелните пари, купени со реални пари, се потребни да се купуваат виртуелни добра во друштвените игри, пример да се купи облекло на животинчето од Pet Society, или да се поклони торта кога е роденден на пријател.

Zynga открива, од пријавата за јавното надавање, дека има играчи во 166 земји, дека се креираат 38.000 виртуелни добра секоја секунда и има неверојатни 60 милиони дневни корисници кои поминуваат 2 милијарди минути дневно играјќи ги игрите! Месечно има 232 милиони корисници.

Zynga во 2009-та имаше 121 милиони долари приход, а во 2010-та забележа 597 милиони долари приход. Во првиот квартал од 2011-та Zynga имаше приходи од 235 милиони долари, со профит од 11.8 милиони. Треба да се забележи и дека 30% од приходот од виртуелни добра на Zynga одат за Facebook поради користење на виртуелните Credits.

Подолу е инфографик од Namesake за патот на Zynga од основањето до јавното надавање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии