Закерберг: Нема смисла да правиме Facebook телефон

Откако излезе уште една од многуте шпеклукации до сега, на вчерашното објавување на финансискиот резултат од Q2 во 2012 година, Закерберг доби прашање за најновaта шпекулација дека Facebook на својот телефон ќе работи со HTC.

Како најпопуларна апликација на мобилните платформи, од компанијата беше истакнато дека имаат други приоритети во моментот, како што е подобрување на веќе постоечкото искуство и зголемување на бројот на корисници. Стратегијата на Facebook во моментот е да работат заедно со веќе постоечки оперативен систем како iOS на Apple.

„Развивањето на нов телефон навистина нема смисла за нас.“, беше одговорот на Закерберг.

Од овие одговори можеме да заклучиме само едно, а тоа е дека Facebook мобилен телефон нема да видиме во блиска иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии