ZTE казнет со 1.19 милијарди долари и куп услови

Дејан Соколоски

во Свет

Кинеската компанија ZTE успеа да се договори со администрацијата на Трамп.

Телекомуникацискиот гигант треба да плати казна од 1.19 милијарди долари, поради прекршувањето на санкциите кон Иран и Северна Кореја. Но, администрацијата на Трамп сакаше построга казна.

Во еден момент администрацијата побара од сите американски компании да престанат да тргуваат со ZTE во следните 7 години. Доколку санкциите отидоа во оваа насока ова најверојатно ќе значеше крај за ZTE, вели TechCrunch.

„Буквално вградуваме оддел за усогласување по наш избор во компанијата за да ги надгледуваме во иднина. Тие плаќаат за овие луѓе, но луѓето ќе поднесат извештај до новиот претседател”, вели Вилбур Рос секретар за трговија.

Дополнително, ZTE мораше да креира фонд од 400 милиони долари кој ќе биде наменет за плаќање на евентуални прекршоци во иднина. Како дел од спогодбата компанијата мораше да го замени и раководството на компанијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии