1 коментар 6 мин. читање 27 март, 2020

Зошто YouTube и Netflix го намалуваат квалитетот на видеата

Илјадници Европејци како последица на пандемијата на коронавирусот COVID-19 се затворени во своите домови, принудени да пронајдат нова и безбедна забава. Интернет со сè што нуди е главната платформа на која сите ние во овие денови на самоизолација или задолжителен карантин ја наоѓааме својата разонода, покрај нели работењето од дома, пребројувањето на деновите и сл. Но милиони корисници активни во скоро исто време значат и нов капацитет на интернет мрежата кој е потребен. Поради ова телекомите, Netflix и YouTube мораа да се прилагодат на новата состојба во која дури и работните часови имаат оптоварување на мрежата како во најударните термини. Дополнителен притисок за намалување на битрејтот на Netflix и останатите стриминг платформи изврши и Европската комисија, која побара од овие платформи во време на пикови да се префрлат на стримање во стандардна резолуција. За барањето особено гласен е Тиери Бретон, дел од Европската комисија и поранешен извршен директор на France Telecom, кој на 18-ти март, испрати твит дека имал важен разговор со извршнот директор на Netflix на темава и го промовира хаштагот #SwitchToStandard.

Дали навистина е неопходно намалување на квалитетот?

Веројатно далеку поважно од намалување на квалитетот на видеата е главната причина зошто се преземаат вакви мерки. Најголемата причина за ограничување на големината на стримовите е интернет неутралноста која Европската Унија се обидува да ја заштити. Интернет сообраќајот мора да има ист приоритет. Во овој период некои посуштински сервиси, на пример здравство и образование се поважни од забавата. Поради одлуката дури и во овие отежнати да се задржи интернет неутралноста постои опасност да се наруши работата на овие сервиси, но интернет неутралноста не дозволува приоретизирање на сообраќајот. Поради тоа што целиот сообраќај се третира подеднакво може да дојде до застој во некои од важните сервиси.

Идеално решение во случајов е операторите да ја надградат инфраструктурата и да инвестираат, вели Ерик Брукман за Reuters. Секако ова е подолгорочно решение и дури и да се донесе одлука за ваков чекор зголемувањето на капацитетот не може да се направи преку ноќ.

Целиот стриминг во Европа со намален квалитет

Еден од најпопуларните сервиси и платформи за видео содржина секако е Netflix. Ако сте некој од илјадниците нови корисници на Netflix, можеби и не можете да забележите никаква разлика, но последниве неколку недели најголемите стриминг платформи се принудени да го намалат квалитетот на содржината која ја споделуваат.

Можеби изгледа помалку чудно, но и ова намалување на квалитетот на содржината е директна последица на пандемијата на COVID-19. Операторот Vodafone вели дека во последниве неколку недели порастот на интернет сообраќајот во Европа е зголемен за половина. Facebook е уште еден технолошки гигант кој во овој период забележа пораст на сообраќајот.

Иако нуди и видео, сепак содржината која ја поделува најголемата друштвена мрежа е далеку „полесна“ од видеата кои ги споделува Netflix и YouTube.

Стримовите на видео содржина во некој случаи можат да достигнат и до 60 отсто од интернет сообраќајот. Една од причините за намалување на квалитетот на видеата е оптоварувањето на самите податочни центри на овие платформи, но дополнителен проблем е оптоварувањето на интернет инфраструктурата во Европа. Со намалување на квалитетот на видеата ќе се намали и интернет сообраќајот. Од Netflix тврдат дека капацитетот кој е потребен за стрим на нивните содржини ќе се намали за 25 отсто. Според процената 1 час SD видео е со големина од 1GB, а 1 во HD големината на видеото може да оди и до 3GB.

„Преземавме обврска привремено да го префрлиме целиот сообраќај во ЕУ на стандарден квалитет како почетно нагодување“, вели претставникот на YouTube.

Слично како Netflix и YouTube го намали квалитетот на своите видеа. Оваа мерка ќе се одржи во следните 30 дена. Со оглед на тоа дека квалитетот на видеата е задоволителен се чини дека корисниците немаат преголема причина за незадоволство.

Последна компании досега кои се приклучија на ова листа се Amazon и Apple. Amazon го намалува квалитетот на видеата во Европа за да се намали оптоварувањето на мрежата, но притоа обезбедува дека квалитетот на сервисот е на задоволително ниво.

Apple е отиде најдалеку и компанијата ја стрима својата содржина со квалитет од 670 пиксели во висина. За дел од телевизорите со поголеми екрани ова е поголем проблем и се забележуваат и поголеми блокови.

„Prime Video работи со локалните власти и интернет провајдерите , каде што е потребно, да помогне во ублажување на какво било преоптоварување на мрежата, вклучително и во Европа, каде што веќе започнавме со напорите да ги намалиме битратите за стримирање, додека одржуваме квалитетно искуство за стриминг за нашите корисници“, вели портпаролот на Amazon.

Netflix и YouTube содржината ја испорачуваат со 480р квалитет, но ако корисникот баш сака може и да го подигне квалитетот на видеото на HD.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top