Зошто World of Warcraft ќе ви најде девојка побрзо од сајтовите за состаноци (инфографик)

Многумина веруваат дека гејмерите не можат да најдат девојка бидејќи по цел ден играат видео игри. Но, инфографикот на Оnlineuniversity.net покажува дека онлајн игрите се место каде е важна комуникацијата и дружењето, наместо натпревар за подобри бројки, и можат полесно да ви најдат девојка или дечко од сајтовите за состаноци.

Во инфографикот се вели дека 74,7 отсто од играчите на World of Warcraft одговориле дека се гледаат со некој кој ја игра играта. Всушност, само 14 отсто од играчите на WoW над 18 години се самци. Наспроти тоа, само 33 отсто од корисниците на сајтови за состаноци излегуваат со некој од тој сајт. Дополнително, онлајн игрите имаат повеќе луѓе од сајтови за излегување (само WoW има околу 12 милиони играчи), гејмерите поминуваат повеќе време во игрите и почесто отвараат комуникација.

А интересно според Onlineuniversity.net, борењето со демони во играта предизвикува адреналинска ситуација во која 37 отсто од мажите ќе почуствуваат привлечност кон женските гејмери.

Сакате да најдете девојка или дечко? Тогаш не отварајте профил на сајт за состаноци, играјте онлајн игри. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии