Можеби изгледаше премногу оптимистички кога IBM започна да го користи Watson во куп различни индустрии, од квизови, до грижа за корисници, готвачи и лекари. Сепак вештачката интелигенција веќе има успех над лекарите.
Watson во Универзитетот Токио забележа ретка форма на леукемија кај една пациентка. Предноста на Watson покрај брзината е и огромната база на податоци, па за само 10 минути вештачката интелигенција прегледа податоци од 20 милиони пациенти и точно ја дијагностицираше пациентката, јави Engadget.
Ова не е прв пат Watson да реши случај кој ги збунувал лекарите, а вештачката интелигенција и претходно пронајде редок рак кај еден пациент. Сепак и покрај успехот засега не се планира замена на лекарите со компјутери, но можноста за брза проверка на симптомите и огромна база на податоци низ која може да се проверува е огромна предност, која мора да се искористи во иднина.







