Зошто треба да аплицирате на Pioneers of the Balkans?

Во понеделникот 17-ти септември, и во вторникот, 18-ти, во Скопје ќе се одржат две средби на кои се повикани сите македонски стартапи да дојдат и да научат нешто повеќе за балканската турнеја на Pioneers. Овој настан е еден од многуте слични настани што се случуваат во август низ Хрватска, Србија, Босна, Косово и други, со заедничка цел да им покажат на локалните стартапи што ги чека ако аплицираат до 31-ви август за едно од најголемите стартап шоуа во Европа.

Pioneers of the Balkans е неколку месечна турнеја која ќе кулминура со големо финале на Balkan Venture Forum во Загреб каде на најдобрите стартапи ќе се претстават пред стотина претприемачи кои ќе им доверат 200.000 евра како инвестиција за понатамошен развој. Но, ако парите не ве интересираат, тогаш можеби соработка со искусни ментори и претприемачи ќе ви биде дополнителен мотив.

Александар Тасев од Balkan Venture Forum вели дека Pioneers имаат одлична програма која може да му користи на секој стартап, посебно да ја зголеми таканаречената „investment readiness”, односно подготвеноста на стартапот да добие инвестиции. Кон ова помага и контакт со бројни инвеститори кои ќе бидат присутни на еден од многуте настани кои се опфатени со турнејата. „Имено на минатиот Balkan Venture Forum со наши сили имавме над 70 присутни инвеститори, додека сега само нашите партнери од Pioneers најавуваат од нивна страна бројка од над 100 инвеститори кои ќе ги донесат на Balkan Venture Forum во Загреб, кој е финалниот настан на програмата. Во меѓувреме ќе има и полуфинален настан во Белград, кој исто така ќе биде одлична шанса за стекнување знаење и вмрежување со врвот на регионалната иновативна индустрија“, вели Александар.

Секој стартап кој ќе аплицира ќе добие и тренинг и менторство за да може да се подготви најдобро за полу-финалето во Белград, и секако ако се најде меѓу најдобрите 50 стартапи, да може да се појави во вистинско светло на големото финале. Тренингот е потребен бидејќи конкуренцијата на Pioneers оf the Balkans ќе биде голема, вели Александар. Конкуренцијата, односно потрагата по квалитетот треба да е мотив за секој стартап, бидејќи ако не се натпреваруваш со другите, како ќе знаеш дека го имаш тоа што треба за да бидеш успешна компанија?

„Ги бараме најдобрите стартапи, способни да се издигнат на потребното ниво за да успех на интернационален пазар и да добијат максимална вредност од програмата“, вели Александар. „Убеден сум дека ќе се пријават голем број на исклучителни тимови, затоа што знаеме дека регионот веќе неколку години дава победници. Поквалитетните стартапи од регионот веќе редовно добиваат инвестиции од најголемите европски фондови, а некои се веќе и преку океанот. Уште повеќе што на самиот Pioneers Festival, три години по ред победува стартап од Балканот, два пати Бугарија и еднаш Хрватска“.

Секој локален стартап е поканет да аплицира на Pioneers of the Balkans, и секако да присуствува на двата настани во Скопје на кои ќе можат во живо да се запознаат со организаторите на програмата и да научат повеќе за турнејата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии