Зошто Synology е совршениот NAS за Вашиот бизнис?

Добар network-attached storage (NAS) уред или во превод мрежно приклучен
уред за складирање на податоци, може значајно да ви го олесни и оптимизира работењето во вашиот бизнис.

Додека совршениот NAS уред ќе ви помогне да го забрзате работењето со
податоци, да ги заштитите податоците нудејќи ви разни опции за бекап, да ја
организирате работната средина и ќе ви понуди лесна можност за проширливост доколку работата ги надмине вашите првични очекувања…

all_in_one_server_value

Како совршен NAS за Вашиот бизнис би сакале да ви ги презентираме NAS
уредите на Synology, кои се достапни и за домашна и за комерцијална употреба.

Совршен е навистина силен епитет, но го користиме заради неколку причини,
меѓу кои заради тоа што Synology NAS уредите имаат:

Интуитивен оперативен систем

Секој Synology NAS доаѓа опремен со интуитивен оперативен систем DiskStation Manager (DSM) кој ви нуди лесно менаџирање на податоците, уредите, корисниците и дополнително служи како платформа на која можете да инсталирате дополнителни апликации за да ги проширите можностите на вашиот уред.

award_winning_dsm

Уверете се и самите за функционалноста и интуитивноста при користење на DSM-то преку ова демо.

Брза и лесна проширливост

Доколку Вашиот бизнис доживее непредвиден пораст во поглед на податоци, нивно користење и менаџирање на дополнителни ресурси, Synology Ви нуди лесна и брза проширливост со тоа што ќе можете на вашиот постоечки уред да надградите дополнителен Synology NAS уред кој веднаш преку DSM оперативниот систем ќе се интегрира во вашата постоечка инфраструктура.

RS815_sect_scalability_01

Дополнително, преку својата Synology High Availabiity (SHA) технологија, Synology NAS уредите овозможуваат поврзување на два NAS сервери во еден кластер со што се овозможува редунтандно решение.

SSD Cache и брзи перформанси

Одредени Synology NAS уреди користат SSD cache на податоци, со што ви овозможуваат брзо читање и одлични перформанси на Вашиот NAS. Дополнително уредите наменети за бизниси, како Synology NAS RS815+ доаѓаат со дво-јадрен CPU и РАМ меморија од 1 GB која дополнително може да се зголеми по Ваш избор.

RS815plus_sect_ssd_cache_01

Просечните брзини на ваквиот уред се 216 MB/секунда за читање на податоци и 121 MB/секунда запишување на податоци во RAID 5 конфигурација. За соодветно мрежно функционирање, Synology NAS уредите наменети за бизнис доаѓаат со 4 LAN порти кои нудат соодветно fail-over или load balancing сценарио.

Разни бекап опции

Во време кога ransomware-от царува и уценува еден куп бизниси, заштитата на податоци треба да биде една од главните теми во ИТ одделите и кај менаџерите.

hyper_backup_02

Synology NAS, преку DSM оперативниот систем нуди разни бекап опции соодветни за секоја намена. Од искористување на интегрираните Windows File History и Apple Time Machine, до правење на бекап на податоци преку rsync, и трети апликации за бекап како Amazon Glacier, Dropbox, Google Drive и слични. Дополнително, доколку се интегрира кластер од Synology NAS уреди, репликација и snapshot на податоци се исто така достапни.

Заштита и енкрпиција на податоци

Synology NAS уредите ги земаат во предвид и хардверските грешки и малициозните напади кога станува збор за заштита на податоците складирани на уредот. Преку Synology High Availability (SHA) може да вршите бекап на податоците во реално време на друг Synology NAS, за да се заштитите од хардверски грешки и несакани проблеми. Додека за заштита од корпоративно шпионирање и малициозни обиди, Synology во своите уреди имплементира firewall и IDS систем кои служат како дополнителен слој во заштитата на вашите податоци.

idssynology

Уредите имаат и заштита од DoS напади и нудат интеграција и на SSL сертификати за подобра енкрипица. Во самиот оперативен систем DSM, Synology Ви го нуди Security Advisor-от кој постојано врши проверки на Вашите конфигурации и ви нуди информации за кои чекори треба да ги преземете. Како дел од апликациите кои ви се достапни во DSM, се е и анти-вирус кој може да го подесите да скенира против malware на одредени интервали и со посебни правила. На одредени уреди достапна е и AES енкрипција на податоците и верификација на пристап во два чекори.

и уште многу други причини!

Synology NAS уредите се делат во следниве класи:

  • XS/XS+ серија, наменета за големи корпорации
  • + (Plus) серија, наменета за мали и средни компании
  • Value серијата, наменета за мали домашни мрежи, и
  • J серијата, наменета за домашна употреба.

За да го прегледате целото портфолио на Synology уреди, посетете го следниов линк.

jvsnet

Ова е промотивен текст, спонзориран од ЈВСНет, генерален застапник на Synology за Македонија, Србија, Албанија и Косово. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии