Зошто Steam распродажбите повеќе не се она што беа за македонските гејмери?

Летната Steam распродажба е тука, но дали е тоа причина за славење?

Доколку се сметате за штедлив гејмер кој сака одредена контрола врз тешко-спечалените пари, тогаш најверојатно ја дочекавте распродажбата на Steam со 0% ентузијазам и со превртување со очите од кое би можело да изгубите свест. Во последните неколку години, македонскиот гејмер има научено дека Steam не е единствениот играч на полето и дека купување од Steam е еквивалентно со губење пари.

Пред да започне летната распродажба на Steam, имавме феноменална распродажба на GOG, а пред тоа и на Green Man Gaming. Анализирање на неколку клучни точки од овие две продавници, дополнително го цементираат претходно искажаното мислење. Divinity: Original Sin се продаваше на GOG за 12 долари (680 денари), a на Steam играта се продава за 12 евра (740 денари). Дополнително, ако потрошевте повеќе од пет долари на GOG, ја добивавте бесплатно феноменалната Sunless Sea. Како би биле работите подобри, ако потрошевте 20 долари на GOG ја добивавте и критични-признаената Rime. Како би биле работите уште подобри, верзиите кои ги добивате на GOG се DRM-Free и може да ги инсталирате и играте на онолку направи колку што сакате, без какви било ограничувања.

На Steam не купувате игри, туку купувате лиценци за играње игри, со еден куп рестрикции. Но, можеби Steam како платформа ви се допаѓа повеќе. Има уникатни функции за кои GOG може само да сонува. Во тој случај, повторно се наоѓате во ситуациија каде можете да заштедите пари така што ќе купувате игри за Steam, но не од Steam.

PLAYERUNKNOWN’S BATTLEGROUNDS се продава на Steam за 20 евра, односно 1230 денари, а клуч за регистрирање и играње на играта на Steam се продава на GreenManGaming за 16 долари, односно за 840 денари. Разликата е повеќе од очигледна и порано или подоцна (обично порано) ќе ја најдете саканата игра за многу помалку пари на некое место кое не е Steam.

Најголемиот проблем е тоа што Македонија не се мириса со регионските политики на Valve и ние се наоѓаме во поскапиот регион каде скоро секогаш плаќаме повеќе за разлика од одредени други држави. Кога ќе земете во предвид купување пакети од исклучително квалитетни игри на Humble Bundle или Fanatical, едноставно мора да се запрашате дали и колку се исплати индивидуалното купување игри на Steam.

Летната Steam распродажба е тука, но исто како да не е. Нашите пари одат на други места. Се надеваме дека и вашите.

Marvel’s Guardians of the Galaxy e 345 денари на WinGameStore. 740 денари на Steam.

1 коментар на “Зошто Steam распродажбите повеќе не се она што беа за македонските гејмери?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии