Зошто ставивте Интернет?

Се чини за многумина mIRC, четувањето, месенџерите и форумите се и главната причина за користење на Интернет. Всушност, назад во минатото, во дамнешните денови (пред 10+ години) четувањето преку IRC каналите беше и најбрзото нешто. Dial Up модемите беа навистина спори за да се отвараат видеа и симнуваат филмови, игри, музика… всушност и за симнување mIRC се чекаше долго време.

„Прва програма што ја даунлоадирав беше mIRC. Нестрпливо чекав околу саат време да ја симнам и да го пробам пинг флудот на #romania“, вели DynamicMK.

Тогаш, во дамнешните времиња, дури се сурфаше само во ноќните часови поради цените. Интернетот беше спор и скап.

„Ставив Интернет за безбројни информации, можност да научам нешто ново, да бидам меѓу првите кои ќе ги дознаат новите научни сознанија од светот. Но воглавно беше ради порното.“, вели Ravan.

Што се однесува до помладите корисници, нивните почетоци датираат од интернет кафулињата. Четот, и за нив онлајн гејмингот, се главната причина за домашно приклучување на Интернет.

… а вие? Зошто правевте на вашиот прв домашен Интернет? Дискусијата продолжува на форум.

1 коментар на “Зошто ставивте Интернет?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии